Дали и како доматот влијае врз зголемување на шансите за забременување?
Дали и како доматот влијае врз зголемување на шансите за забременување?
Иако постои претпоставка дека неплодноста најчесто се поврзува со жените, стручните лица сметаат дека проблемите со неплодноста подеднакво се појавуваат и кај жените и кај мажите. Новото истражување покажува дека машката плодност може да се зголеми по природен пат, поточно со исхрана, односно конзумирање на домат.
Зошто доматот е важен за плодноста?
Најновите истражувања на клиниката во Клевленд во Охајо, покажала дека ликопенот кој е антиоксидант се наоѓа во доматот. Тој му ја дава црвената боја и го зголемува количеството на спермијата дури до 70%. Ликопенот го зголемува квалитетот на спермата, брзината и го намалува бројот на абнормални сперматозоиди.
Ова истражување опфатило 12 групи на мажи ширум светот и резулатите покажале дека оваа состојка овозможува лесно лечење на неплодноста кај мажите. Овие резултати даваат голема надеж на паровите кои се борат со неплодност ширум светот, кои до сега неплодноста ја лечеле само со лекови.
Ашок Агарвал, директор на клиничкиот центар за репродуктивна медицина во Охајо, вели дека мажите кои често конзумираат домати имаат помала шанса да заболат од рак на простата, плуќа или пак желудник. Веќе се започнати да се припремаат препарати со ликопен со кои би се лечела машката неплодност, но резултатите ќе ги има за неколку години од сега.
арати со ликопен со кои би се лечела машката неплодност, но резултатите ќе ги има за неколку години од сега.