• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Дали им купувате на децата премногу играчки
Дали им купувате на децата премногу играчки

Дали им купувате на децата премногу играчки

Дали вашето дете има премногу играчки?

За почеток присетете се на вашето детство-колку играчки сте имале вие и дали сте имале се што ќе сте посакале? Сигурно изборот, и бројот на играчки бил многу помал, од тој што денешните деца го имаат, а децата денес имаат скоро се што ќе посакаат. Дали е тоа добро или лошо?

Позитивни страни

Од една страна е убаво што родителите (и секако роднините и пријателите) можат на детето да му купат тоа што го сака. Во продавниците денес може да се најде се што ќе посака детето. Кукли, авиони, камиони, мобилни телефони, па дури и компјутери и лаптопи прилагодени за негова возраст…

Негативни страни

         Ако детето има многу играчки тие можат многу брзо да му здосадат. Малку ќе си игра со една, па потоа со друга, но тоа брзо ќе му досади па ќе бара од вас да му купите нови.

         Ако детето има превише играчки кај него поспоро се развива мечтаењето. Порано една играчка имала повеќе намени, поточно децата ја користеле во разни игри, а денес кога имаат многу играчки за тоа нема потреба.

         Детето што има повеќе играчки, сака уште повеќе. Тоа постојано сака нешто ново, ви прави сцени во продавница, а вие му ги исполнувате желбите (или да ја избегнете сцената или да го задоволите своето дете) и купувате играчки, кои брзо ќе му здосадат и повторно ќе бара нови….

Какви играчки му се потребни на детето?

Играчките се многу важни, затоа што на секое дете му е потребна игра, а играњето е неодвоиво од играчките. Постојат разни видови на играчки, кои го подобруваат моторичкиот но и социјалниот развој на детето.

         Куклите, играчките во облик на животни, мебелот, садовите, предметите од домаќинството. На централно место се секако куклите. Во текот на играта детето се грижи за куклата, ја облекува, ја храни, но и разговара со неа, и ги доверува тајните. Низ овој вид на игра детето создава работни навики, учи за домашните работи, но и за грижата и однесувањето на блиските луѓе.

 

         Технички играчки

Овие играчки се се повеќе присутни кај денешната генерација на деца но од нив не може да се побегне. Мобилни телефони, лаптоп, но и автомобили на радио контрола за децата веќе не претставуваат чудо на техниката туку веќе вообичаени работи. Колку и да сте против тие работи, детето секако треба да биде запознаено со овие работи.

        Спортски играчки

Играчките за спорт, топката, багминтонот, кош, ролери, многу се важни, бидејќи ја зголемуваат активноста на детето, ја развиваат координацијата на движењето, ориентацијата во опкружување и го поттикнуваат моторниот развој.

        Музички играчки

Играњето со музички играчки или свирење на некој инструмент ги инспирира децата да бидат самостални но и да ја ценат тимската работа.Играњето со овие играчки во група го поттикнува социјалниот развој.

         Дидактички играчки

Овие играчки завземаат посебно место, затоа што со помош на дидактичките игри децата ги учат боите, облините, големините… Тоа се обично шарени сложувалки, мозаик, лавиринт и сл. Со овие играчки децата учат да бидат упорни и истрајни во завршување на играта до крај и секако допринесуваат за развој на моторичките способности.