ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Дали има “Најдобри години” за раѓање?
    Дали има "Најдобри години" за раѓање?

    Дали има “Најдобри години” за раѓање?

    Бременост и растењето на детето со себе носат голема среќа и радост, но, исто така, и грижи и предизвици. Дали  има “вистинско време” да се стане мајка? Новото истражување вели дека постои.

    Претходно се веруваше (а и  денес е присутен тој став ) дека бременоста по 35-годишна возраст е ризична. Науката, сепак, открива нови придобивки од доцната бременост. Тоа е веќе докажано, да се добие бебе по 35 години го продолжува животниот век, неодамнешната научна студија говори декараѓањето во подоцнежна возраст ја зголемува менталната способност на мајката.

     

    Истражувачите спровеле неколку тестови на 830 постменопаузални жени. Тие ја тестираа нивната визуелна перцепција, концентрација, внимание, вербална меморија и планирање. Тие откриле дека жените кои го родиле своето прво дете по 24 години поминале подобро на тестовите за менталната острина, решавање на проблеми и вербални способности во споредба со жените кои стануваат мајки на возраст помеѓу 15 и 24 години. Жените кои го родиле последното дете по 35-годишна возраст имале подобра вербална меморија и сознание.