• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Дали има специјални прибори за нега на ноктите на бебето?
Дали има специјални прибори за нега на ноктите на бебето?

Дали има специјални прибори за нега на ноктите на бебето?

Да. Постојат специјални ножици со рамен врв и мала грицкалка. Секогаш купете нова грицкалка или ножички што ќе ги користите само за бебето, не користете од вашето постаро дете или Вашиот прибор.

Моето бебе е родено со долги нокти, кога можам да му ги исекам?

Бебињата често се раѓаат со долги нокти кои им сметаат затоа што несвесно си го гребат лицето. Сепак, не треба да ги исечете ноктите додека не достигнат две недели. За да се избегне гребење, ставете им специјални ракавици за новороденчиња.

Како правилно да се исечат ноктите на бебето?

 

Нокти се сечат еднаш неделно, на следниов начин:

Измијте си ги рацете со сапун и вода

2. Седнете го бебето во скут (ако е многу немирно, сечете му ги ноктите додека спие). Најдобро време за маникир и педикир е после капењето

 

3. Избришете ги ножиците со алкохол и ноктите на бебето

 

4. Притиснете го врвот од прстот за да се оддели од ноктот

 

5. Со една рака држете му го рачето а со другата сечете ги ноктите

 

6. Ноктите се сечат право.

Слушнав дека е најбезбедното ноктите да ги сечете со грицкање дали е тоа така?

 

Така, нашите баби го решавале проблемот со долгите нокти, сега кога има ножици за бебиња со заоблени врвови нема потреба од таква маникир. Овој метод повеќе не се препорачува бидејќи не е хигиенски.