• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  ДАЛИ ИМАМ ДОВОЛНО МЛЕКО?
ДАЛИ ИМАМ ДОВОЛНО МЛЕКО?

ДАЛИ ИМАМ ДОВОЛНО МЛЕКО?

Дали моето бебе добива доволно млеко и дали е моето млеко квалитетно?

Дали колчината на млекото е секогаш иста?

Од што  зависи количината на млекото?

Кои знаци укажуваат на смалена продукција на млекото?

Што ако сепак немам доволно млеко?

Дали моето бебе добива доволно млеко и дали е моето млеко квалитетно?

Еден од најголемите сомнежи на младите мајки е прашањето дали количината на мајчиното млеко едоволна. Дали има доволно млеко да ги задоволи потребите на бебето и дали млекото е доволно квалитетно?

Секоја мајка може да го дои своето бебе.

Произведувањето на млекото во градите функционира по принцип на потребата и на побарувачкатa. Што значи тоа? Колку повеќе бебето цица, се повеќе се ствара млеко во градите. Градата е непресушен извор и млекото не може туку така да го снема. Секое мајчино млеко е идеално за бебето па неквалитетното млеко е само еден од митовите за доење. Сепак во многу ретки случаи се случува мајката да нема доволно млеко за своето бебе.

Дали колчината на млекото е секогаш иста?

Во текот на првите денови па се до седмиот ден мајката лачи колострум (прво млеко) кое е густо и може да се лачи во неколку милилитри. Следните две недели се лачи прелазно млеко, па дури во третата недела млекото созрева, а градите почнуваат да ствараат точно толку млеко колку што на бебето му е потребно. Колку повеќе бебето цица, толку повеќе се ствара млеко. Тој природен процес на стварање на млеко одговара на потребите на бебето, бидејќи тоа се раѓа со залихи на храна кои преку постелката го добивало од мајката пред раѓањето, а желудникот му е толку мал што само неколку капки од волшебниот колострум ги задоволува сите потреби на бебето во првите денови на животот.

Количината на млекото не е иста во текот на 24 часа. Највеќе го има во првото утринско доење, а најмалку во поладневните часови.

Од што  зависи количината на млекото?

На количината на млекото највеќе има влијание самото бебе.

Количината на млекото пред се зависи од тоа колку бебето цица. Бебињата кои посилно цицаат и исцицуваат поголема количина млеко ќе влијаат на тоа млекото да се произведува во поголема количина. Додека од друга страна, бебето кое е побавно, послабо цица и цица повеќе пати по мала количина, влијае на тоа млекото да се ствара со таква динамика. Истражувањата покажале дека количината во двете гради на иста мајка може  да биде различна, дека смирената и опуштена мајка има повеќе млеко, како и дека исхраната на доилката влијае на количината на млекото.

Стресот и нервозата влијаат на отпуштање на млекото во градите. Тоа значи дека млеко има но недостатокот на хормонот oxytocin оневозможува млекото да потече од градите. Во такви ситуации потребно е мајката да се опушти, смири и да биде во поблизок телесен контакт со бебето. Контактот, кожа на кожа доведува до зголемено лачење на хормоните кои ќе го ослободат млекото во градите.

Рамномерната исхрана е важна во текот на доењето како за здравјето и расположението на мајката така и за продуктивноста на млекото.

Мајката во текот на доењето смее да изгуби помеѓу 500 грама и 2 кг а тоа да не влијае на доењето.

Храна која е важно да се внесува:

– Свежо овошје и зеленчук

– Житарки

– Протеини

Витаминот Б го поттикнува доењето, а ако забележите дека во некој момент имате помалку млеко направете чај од пискавица (грчко семе).

Храна која треба да се избегнува:

– Индустриска храна

– Кромид, лута пиперка и слична храна со посилен вкус, затоа што бебето може да одбие да цица поради јакиот мирис и вкус на млекото.

– Јаткастото овошје, ако некој во семејството имал алергија па се претпоставува дека и бебето има склоност на алергиска реакција.

Кои знаци укажуваат на смалена продукција на млекото?

Ако мајката се посомнева дека нема доволно млеко и размислува за дохранување со адаптирано млеко, наш совет е веднаш да направи тест за проверка на количината на млекото.

Најдобро е тоа да се направи попладне, кога мајката има најмалку млеко. Мајката 15 минути пред доењето треба да го измолзе млекото од двете гради, се додека не почне да истекува капка по капка. Млекото кое ќе го добиете со измолзување, ставете го во шишенцето на бебето за да ја измерите количината. Количината на млекото е клучен фактор за да донесете одлука дали бебето ќе го дохранувате.

Потребите на бебето за еден оброк од млеко се следни:

2-ри месец: 100-120ml

3-ти месец: 130-150ml

4-ти месец: 150-180ml

5-ти месец: 180ml и повеќе

Како бебето покажува дека не добива доволна количина на млеко?

– После доењето, кое би требало да трае 30мин. (15 минути едната града, 15 минути другата града), бебето е нервозно и плаче.

–  Растојанието помеѓу доењето станува пократко.

–  Бебето кога е сито обично е опуштено додека цица, додека ако е гладно бебето е напнато и со стиснати дланки.

–  Бебето се буди почесто и бара да цица.

–  По мерење бебето заостанува во телесната тежина.

Бебето треба да добива најмалку 113-198 грама неделно во тежина. Во првите денови бебето физиолошки, нормално губи во тежината но после десет до четиринаесет дена треба да ја врати тежината која ја имало кога се родило.

–  После менување на пелената, пелената е релативно сува.

Бебето првите два дена треба да има најмалку до две мокри пелени, третиот ден три, четвртиот најмалку четири мокри пелени. После петиот ден бебето би требало да има шест до осум мокри пелени дневно.

–  Отсуство на столица во првиот месец.

После четири до пет месеци после породувањето бебето треба да има околу три до четири златно жолти (како сенф) столици на почеток но подоцна бројот на столиците се смалува. После еден месец столицата може да ја нема дури и 10 дена кај бебињата што цицаат и тогаш тоа не треба да се врзува со смалување на продукцијата на млеко.

Што ако сепак немам доволно млеко?

Ако се утврди дека нема доволно млеко и дека бебето послабо напредува, треба да се почне со дохранување но со млекото од мајката. Мајката ќе се измолзе и така го потиткнува произведувањето на млекото, а после доењето на бебето му се дава да го испие млекото. Ако и тоа не е доволно се преминува кон комбинирана исхана: млеко од мајката и адаптирано млеко.

Важно е мајката да не го прифати само адаптираното млеко и барем на почетокот бебето да го дохранува со мајчино млеко или со адаптирано млеко, со лажица за бебето да не се навикне на шише и да ја отфрли градата. Секое бебе е различно. Некои со месеци цицаат и пијат од шише додека други кога ќе се навикнат на шише не се трудат да цицаат.

Ако сте вие мајка на која и се случило да нема доволно млеко, запамтете дека вие не сте лоша мајка и не треба да сте загрижени поради тоа. Пробајте да продолжите да го храните бебето со своето млеко, а адаптираното млеко нека биде само дополна за вашето бебе да не биде гладно.