Дали излегувањето на забите предизвикува температура и течење на носето
Др.специјалист Ивана Цекиќ објаснува кои се симптомите на никнување на првите заби, колку излегувањето на истите може да трае и дали протекување на носот има врска со тоа.
Имам бебе шест месеци, кое има температура од 38,2 и нос кој тече. Дали е можно да излегуваат запчиња, зашто многу се лигави и долната вилица се белее, е прашањето на една мајка.
Никнувањето на млечните заби често може да пројде речиси незабележано, но за жал почесто процесот се одвива со симптоми кои се типични за никнување на заби. Родителите често забележуваат дека со детето нешто се случува, раздразливост, спиење полошо, немирно е, плачливо и понекогаш се јавува благо покачена температура.
Детето во овој период, кој може да трае и до неколку недели, има зголемување на плунка и има потреба да ги ставаи во уста своите раце или гумени објекти. Додека нема заб на ова место присутен е оток и црвенило, а оваа фаза може да потрае и до неколку недели.
Блага покачена температура понекогаш се јавува како придружен симптом на никнување на забите и тоа е нормално, но течење на носот, како што рековме, не е симптом кој е поврзан со никнување на млечните заби.