Дали јогата е безбедна во секој триместар од бременоста?
Јогата е наменета за сите. Децата, возрасните, постарите луѓе , па нормално и за трудниците.
Јогата за трудници може да се практикува од почетокот до крајот на бременоста. Часовите опфаќаат загревање, позиционирање, техники на дишење и длабока релаксација.
Пренатал јогата е идеална за идните мајки да останат во кондиција, да научат техники на дишење кои ќе им помогнат во сите аспекти од породувањето, а пред се да бидат опуштени.
Покрај сите корисни работи кои ги носи во бременоста, јогата помага длабински во припремата за породувањето. Нивото на енергија се зголемува, се подобрува циркулацијата, дишењето станува полесно, се зголемува еластичноста и цврстината на мускулите и зглобовите, се поправа држењето на телото, се ублажуваат вообичаените труднички проблеми, се постигнува ослободување од напнатоста, телото се спрема за породување…
Се зголемува самодовербата и расте спремноста за мајчинство. Во текот на часовите за јога трудниците подобро го запознаваат своето тело и постигнуваат смиреност. За нив е важно и тоа што на часовите за јога се дружат и разменуваат искуства.