Дали карактерот на бебето може да се предвиди од движењата во стомакот?
Речиси секоја бремена жена чие што бебе во стомакот е многу активно се прашува дали бебето ќе биде толку живо и по раѓањето. Што значат тие удари, движења и превртувања?
Сите ние би сакале што е можно поскоро да дознаеме какво карактерче ќе има нашето бебе и пред да го види светлото на денот, па знакови бараме во секое мало движење, што тоа го прави во матката. Може ли да се предвиди карактерот на бебето според движењата на бебето во стомакот?
Експертите велат дека нема врска помеѓу тоа колку е активно бебето за време на бременоста и по породувањето. Тие, исто така, нагласуваат дека недостатокот на активност на бебето во стомакот не секогаш мора да биде причина за загриженост.
32 недели стар фетус спие 90-95 проценти од времето и ако мајката чувствува недостиг на активност да не се грижите, особено ако бременоста е уредна и одат на редовни прегледи. Меѓутоа, ако сте загрижени, консултирајте се со вашиот лекар и бројте ги ударите на вашето бебе.
Дали сте забележале како вашето бебе се движи повеќе или помалку од вообичаено некои денови? Зголемениот внес на храна и пијалаци може да го зголеми бројот на движења. Експертите објаснуваат дека ова е затоа што иако бебето не ја јаде храната што ја јадете, го дели шеќерот во крвта што се зголемува кога јадете нешто или пиете чаша сок. Кога нивото на шеќерот во крвта се менува, ударите на бебето доаѓаат како реакција.
Повеќето жени ги чувствуваат движењата на бебето пред петтиот месец од бременоста, но овие движења за време на бременоста не мораат да бидат непроменети и континуирани. Како бебето расте, може да се почувствува помалку движење, бидејќи просторот во матката се намалува. Друга причина што влијае кога го чувствувате бебето е плацентарната положба, вашата телесна тежина и дали тоа е вашата прва или втора бременост по ред. На пример, ако плацентата е поставена на предниот ѕид на матката, што е спротивно на грбот, тоа може да го блокира движењатана бебето и тие се чувствуваат подоцна во текот на бременоста. Исто така, не е секогаш потребно да се почувствуваат движењата на бебето во рана бременост, може да се случи да чувствувате благи удари само околу 20-тата недела од бременоста. Важно е да не паничите и да не мислите дека нешто не е во ред, особено ако редовно одите во контролите.
Значењето на движењето
Позицијата на бебето во стомакот, исто така, може да влијае на начинот на кој мајката ги чувствува движењата. Мајките ќе чувствуваат повеќе потези во стомачните делови каде се екстремитетите на бебето. Ако главата на бебето е свртена надолу, удари ќе почувствувате во горниот дел на стомакот додека мајки чии деца се поставени со ескстремитетите надолу чувствуваат помалку удари. Исто така, ако грбот на вашето бебе е свртен кон предниот дел на стомакот, исто така ќе почувствувате помалку движења од мајките чии бебиња се поставени кон напред. Ако бебето е свртено со грбот, удари може да почувствствувате во горниот лев агол на стомакот, а ако тоа е свртено со лицето кон напред ударите ќе бидат посилни и почести.
Кога станува збор за двојна бременост, бремената жена може да почувствува движења на двете страни на стомакот, што обично е еден од првите знаци на близначка бременост.
Во секој случај, не треба да се грижите за секое движење на бебето или недостатокот на тоа. Редовно одете на контролите и слушајте го советот на вашиот лекар. И да, ако бебето е мирно во стомакот, тоа не мора да значи дека тоа ќе биде мирно и по раѓањето и обратно.