• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Дали кето диетата е безбедна за мајките кои дојат?
Дали кето диетата е безбедна за мајките кои дојат?

Дали кето диетата е безбедна за мајките кои дојат?

Дали кето диета е безбедна за мајките кои дојат?

Кетогената диета е голем тренд во светот. Може да звучи многу привлечно на жените кои само што се породиле а сакаат да ги изгубат килограмите. Но дали е оваа диета безбедна за мајките кои дојат?
Доколку сакате да ги намалите килограмите и размислувате за оваа популарна диета, еве неколку совети кои би требало да ги земате во предвид ако доите.
Многу протеини а малку јаглени хидрати. Кето диетата со години била диета кога биле во прашање пациенти со епилептични напади. Диетата спречува користење на јаглени хидрати како извор на енергија и наместо нив го форсира одганизмот да ги користи мастите. Тоа го доведува организмот во ситуација наречена “кетоза”. Тие кои се на оваа диета внесуваат поголема количина на месо, зеленчук, високо ниво на млечни производи, како што се путер и павлака за готвење, кокосово масло, а се исфрлаат од исхрана житарката, овошјето, доматот и шеќерот.
За сега нема доказ кој говори во прилог на тоа дека оваа диета го намалува создавањето на мајчиното млеко или пак го нарушува неговиот квалитет, но ако размислите дека на овој начин ќе ги намалите вишокот на килограми, обратете внимание на недостасоците.
Кето диетата подразбира не конзумирање на намирници како што се овошје, леб, домат, што е лоша вест за вашиот стомак. Корисните бактерии во цревата се хранат со влакната од овие намирници. Исто така, високото ниво на масти, посебно заситените масти, може да предизвикаат проблеми со срцето.
Уште еден проблем е хидрацијата. За време на доењето жените се препорачува да пијат по 13 чаши вода дневно. За време на кето диетата може да дојде до дехидрација поради зголеменото урнирање. Исто така овошјето не е дозволено во исхраната а тоа во голема мера допринесува за хидрација.
Моментално не постојат докази кои потврдуваат дека оваа диета е штетна за мајките кои дојат како ни доказ дека не е штетна. Кога бебето доаѓа на свет важно е да водите сметка за вашето здравје но и за здравјето на бебето, така што пред да се одлучите за оваа диета, добро би било да размислите уште еднаш.