• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Дали мајките навистина имаат инстинкт?
Дали мајките навистина имаат инстинкт?

Дали мајките навистина имаат инстинкт?

Дали мајките навистина имаат инстинкт? Дали тој е присутен кај сите жени? Доколку не, дали жените кои не го поседуваат се “лоши мајки”?

Мајките кои се сигурни во постоењето на својот мајчински инстикт, ова свое уверување го поткрепуваат со бројни ситуации кои инстиктот не ги излажал, иако можеби се зборува за нешто сосема спротивно од мислењето на докторите или искусните мајки. Од друга страна, доколку некоја мајка не осети веднаш безрезервна љубов кон своето дете, под притисок на предрасуда и очекување од средината-лесно може да помисли дека со неа нешто не е во ред, или дека нејзиниот инстикт изостанал.
Научните истражувања и експерименти не потврдиле постоење на овој инстикт. На пр. Интуитивно просечните жени во бременоста во однос на тоа дали носат машко или женско дете не дале статистички значајни резултати.
На посебната врска помеѓу мајките и бебињата влијае голем број на фактори: спремност (зрелост) на жените за потомство, нејзината емотивна стабилност, сигурност и поддршка на околината…
Исто така коренот на овој однос можеме да го најдеме и во најраните сеќавања на мајките на нејзиното најрано детство. Односно:
Помеѓу мајките и детето може да дојде до љубов на прв поглед, но и не мора. Оваа љубов не е физиолошка карактеристика, како што се бојата на очите и косата. Исто така таа љубов не е инстикт.