ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Дали постои идеално време за одвикнување од пелени?
    Дали постои идеално време за одвикнување од пелени

    Дали постои идеално време за одвикнување од пелени?

    Доколку сакате да го одвикнете вашето дете од пелени, многу е важно да знаете дека е потребно истото да достигне одредена зрелост, која е неопходна во процесот на развивање контрола за нивната бешика и црева. Децата се разликуваат по се, па така кога станува збор и за ова прашање. Статистиката вели дека децата во главно стануваат зрели и способни да можат да ги контролираат физиолошките потреби помеѓу 18-24 месеци.
    Ова претставува вистинското време кога родителите треба да почнат да ги одвикнуваат децата од пелени. Веројатно сте чуле дека од своите мајки или баби дека своите деца/вас им било потребно година дена за да ве одвикнат од пелени. Многу сметаат дека денес е многу потешко да се одвикне бебето од пелени поради пелените кои се за една употреба бидејќи бебето/детето многу помалку чувствува дека е мокро.
    Без оглед на тоа, психолозите сметаат дека не треба на сила да ги ставате на нокшир, бидејќи може да создадете контра ефект односно одбивност. Најбитното од се, е дека детето само треба да сфати дека гаќичките се поудобни од пелените и дека употребата на нив е многу побрза и поедноставна од користењето на пелени. Доколку вие како родители упорно инсистирате да ги соблече пелените, детето ќе дојде до заклучок дека гаќичките му го уништуваат идеалнит живот кој во моментот го имаат со пелените.

    babyshop, babyshopblog, odviknuvanje od nokshir, bebe, dete, roditeli

     

    Кога значи дека детето е спремно за да користи нокшир?

    Постојат разни знаци кои што на родителите им покажуваат дека детето е спремно да се одвикнува од пелени. Некои од нив се:
    – Детето останува суво подолго од два часа
    – После голема нужда бара да го пресоблечето и измиете.
    – Отворено кажува дека пелената му смета
    – Само бара да седи на нокширот
    Доколку приметите било каков знак кој одговара на овие горе, време е да почнете со одвикнување. Сепак, ве советуваме да се наоружате со стрпливост, тоа во овој период е неопходно. На – некои деца им се потребни само неколку дена, но на некои и по неколку месеци. Но, има и деца кои и одкако ќе наполнат две или две ипол години, сеуште не се доволно зрели за да ги тргнат пелените од себе, и тоа го прават дури на три или четири години.

    Знаци кои покажуваат дека вашето дете не е спремно да се одвикне од пелени.

    Како што постојат знаци дека вашето дете е спремно за на нокшир, така постојат и значи кои покажуваат дека во тој перод не е паметно да почнете да го одвикнувате вашето дете од пелени. Доколку ги приметите било кои знаци од подолу наведените, оставете го детето сеуште да ги користи пелените.

    – Секогаш стои до нокширот и мочка на под
    – Секој пат кога сакате да го соблечето, плаче и не го сака истото.
    – Ја совлака пелената, и потоа кака или мочка на под или под тепих
    – Оди по станот со полна пелена, и потоа седнува на под без било какви знаци дека тоа чувство му е непријатно.
    – Се крие во ормарот, ќошевите, под стол или други соби, а потоа само се слушаат звуци додека кака.
    – Му нудите нокшир, а детето упорно несака, се противи и плаче
    – Револтирано е секој пат кога на било кој начин ќе му го спомнете нокширот

    babyshop, babyshopblog, odviknuvanje od nokshir, bebe, dete, roditeli

    Дали постојат правила за одвикнување од пелени?

    За одвикнување од пелени, не постојат правила, но постојат совети кои може може да ви го олеснат начинот на кој ќе го одвикнувате вашето бебе/дете од пелени.

    – Купете нокшир и држете го на видно место со цел вашето бебе/дете да се навикне на неговото присуство
    – Пробајте да создадете одредена навика за одење на нокшир, на пример ставете го детет на нокшир после бањање или пред оброк, пред бањање, пред шетање и после шетање.
    – Не купувајте детски музички нокшири, бидејќи бебето/детето ќе мисли дека тоа е за играње и наместо да го натерате и научите дека тоа е за обавување на физиолошки потреби, ќе мисли дека треба да си игра.
    – Не дозволивајте детето предолго да седи на нокшир, бидејќи може да создаде спротивен ефект.
    – Прашајте го своето мачлечко дали му се мочка или кака, бидејќи децата често знаат да се заиграат и да заборават што треба да обават.
    – Задолжително пофалете ги после секое обавување на нужда во нокширот

    Иделано време за одвикнување се пролет и лето, бидејќи тогаш детето ги соблака гаќичките. 

    Не казнувајте го своето дете никогаш доколку не сака да кака или мочка во нокшир.

     babyshop, babyshopblog, odviknuvanje od nokshir, bebe, dete, roditeli