• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Дали првото шишање значи и погуста и поцврста коса?
Дали првото шишање значи и погуста и поцврста коса?

Дали првото шишање значи и погуста и поцврста коса?

Дали првото шишање значи и погуста и поцврста коса?

Многу родители мислам дека по првото шишање бебешката коса ќе стане појака и погуста, некои од стручните лица одговараат дали нивните верувања се вистина.
Не е возможно да се предвиди каква коса ќе има вашето бебе во моментот на раѓање. Додека некои се раѓаат со необично густа коса, многу бебиња скоро и да немаат. Но, поголемиот број на родители се надева дека по првото шишање косата на нивното бебе ќе стане погуста. За жал, стручните лица од BabyCenter велат дека тоа не е точно.
Шишањето нема врска со тоа колку косата ќе биде густа. Косата расте од фоликулите под кожата на главата, а она што го правите со косата на површина не влијае врз косата која се развива во фоликулата.
Откако шишаната коса повторно порасне, ќе ви се чини дека е погуста бидејќи краевите се подолги, а влакната поедиченчно проаѓаат низ циклус на одмор и раст.
Инаку нормално е бебето да ја изгуби косата која ја има при првото раѓање, што се случува околу четвртиот месец. За нова коса, потребно е одредено време за повторно а порасне, а кога тоа ќе се случи косата може да биде поинаква во структурата, па дури и бојата.