Дали се разликуваат првите и другите породувања?
Дали веќе еднаш поминатото искуство со породувањето ни го олеснува или отежнува следното?
Постои оправдана дилема дали на второротките им е полесно или потешко затоа што веќе имаат искуство со породувањето? Логиката е прилично едноставна. Очекувајте прилично исто искуство. Тоа значи дека ако искуството било позитивно, стравот ќе биде помал и очекувањата поповолни. Сосема спротивно може да се случи доколку првиот пороѓај не поминал на очекуваниот начин.
По што се разликуваат првите и другите породувања?
Второто породување трае пократко (во просек 8 часа активна фаза на породување) додека наредните породувања ги одликува 5 часа траење на фазата на породување, објаснуваат стручните лица на американскиот портал Baby center.
Пократка фаза на “туркање”
Со оглед на фактот дека оваа фаза е најнепријатна во текот на целото породување, податокот дека вторите деца се раѓаат со помалку потрошена енергија и време за туркање се охрабрувачки за идните мајки и сите следни бебиња.
Другите бебиња се раѓаат порано
Она што е типично за прворотките е дека обично го прескокнуваат предвидениот термин за породување, а истото е сосема спротивно кога се работи за жените кои раѓаат секој нареден пат. Кога е во прашање второто бебе, главно се случува тоа да ве изненади некој ден пред терминот.
Добра вест за прворотките
Една охрабрувачка вест за прворотките е дека нивното бебе порано се спушта и се припрема за пораѓај во однос на второротките. Првите бебиња некогаш со денови па дури и недели се припремаат и полека го наоѓаат својот пат до породилниот канал. Од друга страна, бебињата на второротките повеќе се потпираат на искуството на своите искусни мајки и не се така вредни, туку чекаат породувањето да започне за да тргнат по тој пат. Затоа можно е второротките поинтензивно да го доживеат туркањето на бебето на патот кон грлото на матката.
Второротките се обично поопуштени и под помал стрес
Дали затоа што овој пат немаат толку време однапред да бидат загрижени за породувањето, туку веќе имаат мало дете кое стално бара внимание, или затоа што имаат појасни и реални очекувања – се смета дека тие полесно се породуваат затоа што се поопуштени и повеќе соработуваат од прворотките кои често умеат да бидат во грч. Начинот на кој жената ќе пристапи на породувањето знае да одигра значајна улога и да помогне или одмогне во текот на самиот процес.
На крајот на краиштата секое породување е приказна за себе.