Дали скапиот тест значи и подобар?
Дали скапото значи и подобро?
6 работи кои би требали да ги знаете кога користите тест за бременост, дома.
Жените најчесто не веруваат на тестовите за бременост кои ги прават дома и најчесто праверката не завршува на првиот тест. Дознајте во кои ситуации би требало да отидете на гинеколог.
Жените кои се сомневаат дека се трудни, најчесто купуваат тест за бременост. Заедно со тестот добивате и упатство за користење но, постојат неколку важни информации кои може да не ги пишува во упатството а кои секоја жена треба да ги знае.
- Сите тестови не мерат исто.
На пазарот постојат десетина различни тестови за бременост, но без разлика на тоа дали го правите тестот кај доктор или пак го купувате од аптека, сите тестови за бременост не го мерат на ист начин хормонот HCG. Тој хормон го има во телото на жената и кога не е бремена, но кога ќе дојде до бременост и фетусот ќе почне да расте, нивото на хормони во крва и урината растат. Ако нивото на хормонот дојде до 25 единица (mlU/mL), тестот за бременост ќе биде позитивен. Доколку тестот за бременост е позитивен, сигурно сте бремени, но доколку покаже негативен, внимавајте, можеби е лажно негативен бидејќи овулацијата (плодните денови) доцнела.
- Тестот најдобро е да го правите наутро
После неколку часа спиење, хормонот HCG може да се насобере во урината и да се сочува во бешиката. Со толкава количина, урината станува поконцентрирана и поголеми се шансите дека тестот ќе биде позитивен.
- Скапите тестови за бременост не се и најточните
Кога купувате тест за бременост, немојте да ја гледате цената, затоа што секој тест ќе ви го покаже истото. Важно е да знаете дека тестовите кои покажуваат под 25 единици ја зголемуваат веројатноста дека тестот нема да биде точен, бидејќи во телото има присуство од хормонот, во мали количина. Заклучокот е дека секој тест е добар тест.
- Гинкологот може да направи и поинакво испитување
Сите тестови преку урина се квалитетни, тоа значи дека покажуваат присутност на HCG во урината штом дојде до 25-та единица. Но постојат и квалитативни тестови кои ја мерат количината на HCG во крвотокот. Кај жена кај која постои ризик од губење на плодот или пак други комппликации во бременоста, со ултразвук може да се потврди но откако HCG ќе достигне одредена граница а тоа е дискриминаторна граница од 1000 mlU/mL во крвта на трудницата, но заедно со ултразвучен апарат, модерен и квалитетн. Првиот ултразвучен знак во бременоста е ембрион кој расте од 1 милиметар на ден, а тоа може да се види како здебелување на кесичката. Кога HCG би дошол до 2500 mlU/mL ембрионот би требало да биде видлив на ултразвук, а може и да се слушне откуцувањето на срцето.
- Вашата здравствена состојба може да влијае на резултатот.
Одредени лекови, најчесто оние кои се користат за зголемување на плодност, содржат HCG и може да го зголемат хормонот во урина доволно за да покаже позитивен, иако не сте. Во ретки случаи се случува промена на хипофизата и тумор на јајникот со што може да се овозможи зголемување на тој хормон.
- Верувајте на тестовите
Многу жени, неколку пати прават проверка преку тест иако и првиот бил позитивен. Едноставно, затоа што не веруваат дека тестот веднаш би покажал точен резултат. Некои жени ги прават тестовите три пати и потоа одат на гинеколог. Заклучок: Доволно е да се направи еден тест и потоа да се отиде на гинеколог-доколку е позитивен, ви честитаме, вие сте бремени.