ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Дали соковите можат да ја заменат водата
    Дали соковите можат да ја заменат водата

    Дали соковите можат да ја заменат водата

    Дали е подобро бебето да пие вода или сокови и дали сокот може да ја замени водата?

    Водата најдобро може да ја задоволи жедтта и да ја надомести загубената течност, така што ништо не може да ja замени.
    Ако детето пие сок за да ја смири жедтта, се случува да испие многу повеќе, бидејќи сокот е сладок,и ја зголемува жедтта уште повеќе. Бидејќи соковите содржат големо количество калории, кои не треба да ги конзумираат децата кога се мали, може да дојде до проблеми со забите и прекумерните килограми.

    Природните овошни сокови вистина обезбедуваат значителни количества корисни хранливи материи, но во повеќето случаи, исто така, содржат шеќер кои не им е потребен на децата. Покрај тоа, децата кои пијат премногу сок имаат слаб апетит, проблеми со дијареја, дебелина, заби …

    Наместо сок, најдобро е да му дадете парче свежо овошје на детето, но ако сакате од време на време да го почастите со сок, разредете го со вода и ограничете го внесот на приближно 120-150 ml дневно.

    Исто така, избегнувајте на децата да им давате газирани сокови кои содржат големи количества шеќер и често кофеин, што може да го направи детето многу возбудено, а потоа исцрпено.

    Моето дете одбива да пие вода и постојано бара сок. Како да го “натерам” да пие вода?

    Постојат неколку начини на кои можете да го натерате детето да го замени сокот со вода, но многу е важно да не го сторите тоа на сила, бидејќи може детето од инат да не пие вода или по навика да бара сок.

    Надмудрете го детето такашто ќе му го разредите сокот со вода, постепено зголемувајте го количеството на вода и намалувајте го количеството на сок. Во летните месеци на постарите деца можете да направите коцки мраз од сок и да му ги ставите во вода, што ќе служи само како декорација. Кога ќе ставите мраз во чашата, дајте му на детето сламка за да пие со неа, за да не случајно ги проголтне коцките.