Дали свекрвата е навистина за СЕ крива? Исповед на една мајка..
Кога се вратив во мојот дом од болница, ја затекнав свекрвата како се уселила во нашиот стан а згора на тоа донела и мало креветче во собата во која таа ќе спие, со надеж дека таа ќе почне веднаш да спие заедно со бебето во соба,
Секако дека имав одлучено бебето да спие покрај мене во своето креветче, но мојот маж проба да и ги исполни желбите на својата мајка па решил дека можеби сето ова е добра идеја.
Тој мислел дека е одлично на секое будење на бебето да ми го носи во мојата соба за да го надојам.
Сето ова го издржав дури цела недела. Нејзината помош, повеќе беше товар него било што друго.
Ги имаше тргнато сите играчки кои ги купив за моето бебе, бидејќи таа сметала дека се опасни.
Кога моите родители дојдоа на гости да го видат бебето, после поминат половина час таа им кажа дека е време да си одат дома бидејќи таа треба да го бања бебето..
Тогаш си ги спремив моите и работите на бебето и си отидов кај моите родители. Дефинитивно не планирам да се вратам во станот додека мојата свекрва не планира да го напушти и не остави ниту една нејзина работа..
Н.И