ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Дали тишината е неопходна за бебето да има мирен сон?
    Дали тишината е неопходна за бебето да има мирен сон?

    Дали тишината е неопходна за бебето да има мирен сон?

    Кога во семејството ќе пристигне бебето родителите ќе сфатат дека единствените моменти кога ќе можат да имаат мир се оние додека бебето спие, како и тоа дека сонот на самото дете му е од исклучителна важност.

    Токму од овие причини спиењето станува “опсесија” па во времето предвидено за попладневен одмор се прави апсолутна тишина на која сите во семејството и се подредуваат.

    Но, дали тишината е неопходна за мирен сон?

    Многу родители, пред се кај првото дете, мислат дека на малечкото за мирен сон му е неопходна апсолутна тишина и се плашат дека детето ќе го разбуди било каков звук.

    Меѓутоа, создавањето на тишина и атмосфера без никакви звуци претставува во суштина беспотребен извор на стрес за останатите членови од семејството. Педијатрите се свесни за тоа и ги советуваат родителите да не се грижат поради звуците. Имено, додека детето спие сите во домот можат да продолжат со своите активности сосема нормално.

    Вообичаените звуци во домот, од работењето на правосмукалката до гласовите, не се никаква препрека за мирен сон. Тие всушност стануваат нормални и познати звуци кои не го вознемируваат детето. Иако апсолутната тишина може да изгледа како најдобро ниво на бука за длабок сон таа всушност може да предизвика чести прекини на сонот дури и со најмалиот звук. Сталната бука со нормален интензитет обезбедува блокада на звуците кои всушност можат да ја разбудат личноста која спие.

    Колку звуците се важни покажува и обемната дискографија со “приспивни ноти” меѓу кои се капките дожд, брановите, отчукувањата на срцето, црцорењето на птиците и звуците на морето.

    Но, ако тишината не е пожелна како да се успие детето?

    Стручните лица велат дека од голема помош е создавањето на “вистинска атмосфера” за сонот да се појави. Таа подразбира: пожелна температура во собата, спуштени ролетни, нормални звуци, благо лулкање и малку храна (на пример топло млеко или банана). Од помош е и постепеното смирување и намалувањето на активностите пред спиење како и почитување на рутината и сатницата.