ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Дали ултразвукот може да му наштети на бебето во стомакот?
    Дали ултразвукот може да му наштети на бебето во стомакот?

    Дали ултразвукот може да му наштети на бебето во стомакот?

    Германија планира до крајот на 2020 година  да го забрани 4д ултразвучниот преглед во текот на бременоста ако истиот не е за медицински цели.

    Трудниците често се прашуваат дали ултразвукот има некакво штетно влијание на бебето во стомакот. Лекарите ги тешат дека нема никаква причина за загриженост. Но фактот дека Германија планира со закон да забрани 4д и 3д ултразвучно снимање и набљудување на бебето во стомакот кое не е за медицински цели, сепак нешто кажува за целата проблематика.

    Дали ултразвукот е штетен? “Не” е службениот став на Германското друштво за ултразвук во медицината (ДЕГУМ).

    “И покрај десетици години истражување нема студија која упатува на тоа дека ултразвучните прегледи во бременоста на било кој начин можат да му наштетат на нероденото дете“ кажува др. Каи-Свен Хелинг, потпретседател на ДЕГУМ.

     

    Опасност од покачување на температурата

    Единствена опасност која спрема стручните лица сепак постои од ултразвукот е покачување на температурата на третираното ткиво кај мајката. Таа е сеуште пониска од температурата која се развива во телото кај зголемувањето на температурата поради болест или поради активност. Меѓутоа, ако ултразвукот се користи повеќе минути, а не само неколку секунди, како што е вообичаено, таквиот ултразвук може да има штетно влијание на бебето.

    Новите и напредни ултразвуци се се повеќе прецизни, донесуваат приказ на бебето во високи резолуции прикажувајќи и најситни детали од градбата на телото на бебето, а со тоа се за жал и потенцијално поштетни.

    Брановите од ултразвукот во одреден момент (било со предолг преглед или прејак ултразвук) потенцијално ќе стигнат и до бебето, ќе делуваат на нежната и осетлива структура, ткива и органи во раст и развој што секако треба да се избегне посебно доколку е само желба на родителите после пораѓањето да имаат видео од своето бебе во стомакот. Бебето наскоро ќе пристигне и ќе можете да го допрете во живо, да го набљудувате и да го гушнете, а до тогаш уживајте во слатките тајни дали ќе го има носето на мајката или на таткото.

    Видови на ултразвук

    2д – стандарден ултразвук

    3д – тродимензионален приказ на статична слика од детето во висока резолуција

    4д – тродимензионален приказ на детето во движење во реално време