ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Дали вашето дете е добро воспитано?
    Дали вашето дете е добро воспитано?

    Дали вашето дете е добро воспитано?

    Правилата за однесување научени во раното детство, детето ќе ги запамети за цел живот, а тоа добро ќе му дојде во сите животни ситуации. Ве потсетуваме на најважните правила кои би требало да ги пренесете на своите деца…

    Правила на добро воспитување

    Правилата на однесувањето ни помагаат да се вклопиме во друштвото во кое живееме. Бонтонот го искажува внатрешното битие на човекот, го чува личното достоинство, го негува чувството за почитување на другите, искажува чувство на добрина.

    Учејќи ги правилата на бонтон, ја откриваме смислата на животот. Затоа треба и самите да се потсетите на некои правила за да можете најдобро да ги пренесете на своите деца.

    Златни правила за комуникација

    1. При доаѓање во друштво поздравете ги присутните.
    2. Претставете ги личностите кои другите не ги познаваат.
    3. При запознавање подадете ја раката и ракувајте се, не со многу силен стисок, ни со многу слаб и изговорете го своето име.
    4. Обратете му се на соговорникот со госпоѓо и господине, а никако со “еј, ти”.
    5. Не им упаѓајте на другите во збор.
    6. Не го испитувајте соговорникот.
    7. Не зборувајте на странски јазик пред тие што не го разбираат.
    8. Разговарајте и слушајте без кажување на изреки и пцовки.
    9. Во друштво немојте да шепотите.
    10. Не повторувајте сто пати исти работи.
    11. Не зборувајте за тие што се отсутни.
    12. Ако зевате, ставете рака на уста.
    13. Не зборувајте тој и таа, на тие личности обратете им се по име.
    14. Не ја завршувајте реченицата на соговорникот.
    15. При кивање и кашлање ставете марамче на уста.