ДАЛИ ВАШЕТО ДЕТЕ ИМА НАСТИНКА ИЛИ ГРИП
Кои се сличностите помеѓу настинка и грип?
Разлика помеѓу настинка и грип
Симптоми на настинката и грипот
Лечење на настинката и грипот
Кога треба да се консултирате со лекар
До какави компликации може да дојде поради настинката и грипот?
Кои се сличностите помеѓу настинка и грип?
Настинката и грипот се респираторни болести, за кој најчеста причина се вируси. Исто така, обично се јавуваат во исто време , кога се пониски температурите, или после нагла промена на температурите, па поради тоа често доаѓа до забуна дека е во прашање иста болест.
Разлика помеѓу настинка и грип
Најзначајна разлика е во изразеноста на симптомите и во должината на траење на болеста. Настинката има помалку изразени симптоми, поточно поблаги симтоми, додека грипот има поизразени и појаки симптоми и потенцијално се многу поопасни.
Настинката трае само неколку дена (највеќе една недела), а грипот може да потрае и до две- три недели. Исто така и лечењето е поинакво , бидејќи кај грипот обавезна е употребата на лекови кои лекарот ќе ги препише.
Симптоми на настинката и грипот
Главни симптоми по кој може да се одреди дали се работи за настинка или грип е по начинот на кој се јавува болеста. Обично кога се работи за настинка болеста се јавува постепено, детето нема температура (или е благо покачена), нема главоболка, но носот е затнат или многу тече.
Од друга страна, во случај на грип, болеста се јавува изненадно, со многу изразени симптоми, висока температура, грозница, болка во мускулите, замор, губење на апетитот. Кај мексичкиот грип се изразени и стомачни проблеми, дијареја и повраќање.
Лечење на настинката и грипот
Во случај на настинка и грип, важно е детето што повеќе да одмара, да пие доволно течности и да внесува витамини, поточно да одлежи додека болеста не помине.
Кога треба да се консултирате со лекар
Без разлика што можда ви се чини дека кај вашето дете се работи за обична настинка, треба да знаете дека некогаш симтомите може да се влошат, затоа е важно да го однесете вашето дете на лекар.
Во случај на отежнато дишење, покачена температура, главоболка, воспаление на грлото, одма отидете на лекар кој на детето ќе му даде соодветна терапија.
До какави компликации може да дојде поради настинката и грипот?
Доколку симптомите на настинка или грип се и понатаму присутни после неколку дена, или се влошуваат, посетете лекар што побргу. Настинката обично не доведува до озбилни здравствени проблеми, но грипот може да предизвика воспаление на грлото и плуќата, бронхитис, воспаление на синуси и други озбилни проблеми со респираторните органи.