Дали вашето дете јаде брокули?
Брокулата е здрава храна која понекогаш е тешко да се вклучи во исхраната на детето. Еве неколку предлози за да се најде на менито на вашето малечко.
Брокула со макарони и сирење
Кое мало дете не сака макарони со сирење. Тоа е токму билет за брокула во менито на детето. Едноставно сварете ги макароните, обарете ги брокулите и помешајте со сирењето и потоа се соединете со тестенините.
Чорба од зеленчук
Издинстајте го кромидот и изренданиот морков, налејте вода и додадете изблендирана тиквица и неколку цветови брокули. Кратко гответе и зачинете ја по вкус. Преубава крем чорба за целото семејство.
Фрапе
Помешајте ја брокулата со различно овошје, за да направите вкусно фрапе во кое вашето бебе нема да го почувствува вкусот на брокулите. Најдобро е да се користи свежо овошје. Во фрапето можете да ги ставите состојките кои што ги сакате. Сепак, бананите, јагодите, малините и боровинките ќе обезбедат одличен вкус на овој пијалок.