
Дали водење љубов може да му наштети на вашето бебе во стомак ?
Најголем проблем за секс во текот на бременоста, може да произлеле од страв како за трудниците така и за нивниот партенр дека сексуалните односи може да му наштетат на бебето, односно да го повредат, да предизвика предвремен пораѓај или да предизвика крварење. Доколку бременоста е со низок степен на ризик и нема никаков проблем кој би можел да направи било какви компликации, сексот не е забранет во бременоста и претставува нормлана активност во која двата партнери може да уживаат со одредени ограничувања кои ги носи големината на стомакот и бебето. Пенисот неможе да го повреди бебето, бидејќи тоа е добро заштитено во матката и плодовата вода, а слузокожата која се наоѓа во грлото на матката спречува бактерии.Треба да се избегнуваат длабоки пенетрации кои се болни, бидејќи можат да бидат проблем и можат да нанесат повреда како што е пенетрација со надворешни предмети.
Кога треба да се избегнуваат сексуалните односите?
Ако бременоста не е ризична, можете да водите љубов до крајот на третиот триместар. Секс треба да избегнувате доколку постои ризик од предвремено пораѓање, некомпетентно грло на матката или проблеми со постелката. Но, доколку вашата бременост не спаѓа во оваа група на бремености можете да водите љубов до крајот на третото тромесечие.
Што се однесува на оргазмот, може да предизвика благи контракции на матката и тоа е сосема нормално, не треба веднаш да се исплашите, но ако контракциите продолжат или ги прати крварење, треба да се јавите на лекар и да го известите за тоа.