
Дали знаете кои звуци го смируваат новороденчето
Бебешкиот мозок почнува да ги регистрира луѓето и настаните веќе во првите денови по раѓањето. Како детето расте, така се развива и неговиот мозок, па тоа се повеќе регистрира и памти. Еве како се развива памтењето на бебето во првите две недели.
Веќе од првите денови од својот живот бебето може да го препознае гласот на мајката, мирисот, а ден – два подоцна и лицето на мајката. Меѓутоа, ако мајката, на пример е принудена да го остави бебето кое е старо само неколку недели, тоа ќе ја заборави за само неколку денови. Но, како што напредува развојот на бебешкото памтење, така расте и неговата способност да памти се повеќе личности и настани, а на возраст од околу две години памтењето на детето станува трајно.
Еве како тече развојот во првите две недели:
Возрасните во мислите непрекинато го комбинираат минатото, сегашноста и иднината. Кога станува збор за тукушто родено бебе, работите се многу едноставни: за него постои само сегашност, односно тоа мисли само тоа што слуша, чувствува, мириса, гледа – токму сега, во овој момент.
Многу стручни лица тврдат дека новороденчето може успешно да се смири со звуците слични на оние кои ги слушало додека било во матката, но постојат и оние кои тврдат дека бебето воопшто не се сеќава на времето кое го поминала во стомакот на мајката.
Во прилог на тоа тие наведуваат дека бебето се смирува и кога ќе слушне пријатна музика, звук од автомобилски мотор или правосмукалка, како и отчукувањата на срцето на мајката, затоа што сака ритмички звуци.
Новороденчето не може да се сети што се случувало пред неколку часа, освен ако повторно не се најде на потполно истото место. Со оглед на тоа, бебињата би се присетиле на својот престој во матката само доколку повторно би се нашле таму. Сепак, звукот на отчукување на срцето може да им биде познат.