Дали знаете во што најмногу уживаат бебињата додека се во стомакот на мајката?
Врската помеѓу мајката и нејзиното дете е посебна за време на самата бременост. Бројни студии покажале дека во уште во раните фази на бременост одредени импулси се пренесуваат на фетусот, како и психолошката состојба на бремените жени и нивните навики нешто што на бебето му годи или не. На пример, една од интересните работи е дека на бебето чувството за вкус му се развива помеѓу 13 и 15 недели, но вкусот на храната што мајката ја јаде се пренесува преку амнионската течност и има значително влијание врз каков вид на храна новородено еден ден ќе јаде, која ќе му биде попозната од друга , значи дека во голема мера зависи и од вас.
Секако, повеќе детали на оваа тема, и она во што сите бебиња уживаат најмногу додека се во стомакот на мајката, ќе дознаете подолу.
Топла бања
Кога бебето во стомакот на мајката е доволно големо за да изврши притисок врз кожата на мајката, веќе може да ја почувствува разликата во температурите. Затоа, мајките треба да обрнат поголемо внимание кога се тушираат да не биде ни со преладна ни со претопла вода. Она што го прави бебето посебно релаксирано и опуштено е топла бања.
Галење на стомакот
Рецепторите за допир почнуваат да се развиваат во 8-та недела од бременоста, а бебето навистина може да го почувствува допирот околу 20-тата недела. Она што е особено важно да се забележи е дека му годи галење на стомакот, и дека тоа е одличен начин да се воспостави врска со бебето.
Гласот на мама
Исто е и со гласот на мајката- тој е оној што се издвојува во однос на сите други звуци, и дека бебето го слуша најмногу, го доживува близок и го препознава веднаш по раѓањето. Ова е особено нагласено од 25-та недела од бременоста кога мајките треба да разговараат со своите деца колку што е можно повеќе. Ова ѝм дава на бебињата чувство на одмор и задоволство.
Музика
Докажано е дека бебињата во стомакот сакаат да слушаат музика! Всушност – користа е двојна – од една страна кај мама се ослободува ендорфин како хормон на среќата, кој потоа се пренесува на бебето, а на другата страна музиката го стимулира развојот на мозокот на бебето и слухот.
Кога мама одмара
И на крај , на бебињата во стомакот им годи кога нивната мајка одмара, особено во напредна фаза на бременоста, кога е препорачливо за бремените жени да легнат на секои 70-90 минути.