Деца и кучиња – кога растат заедно
Доаѓање на бебе во семејство кое има и куче не е никаков проблем, но потребно е да се направат неколку работи за се да остане хармонично.
Ако и досега редовно сте го негувале кучето продолжете да го правите истото, единствено што можете поредовно да правите е четкање и чистење од глисти (дехелминтизација).
Ако кучето не добивало вакцини редовно потребно е да одите кај ветеринар кој ќе го прегледа и ќе му даде вакцини.
Во редовната нега на кучињата спаѓа:
-редовна вакцинација против беснило;
-вакцина против заразни болести;
-дехелминтизација – чистење од цревни паразити (таблетки кои се дозираат по килограм телесна маса и
-аплицирање на средства против болви.
Кога бебето е мало, а особено кога ќе почне да ползи, кучето треба редовно да го четкате и да му ги миете шепите после прошетката, а целиот дом и особено местото каде што кучето најчесто спие редовно да го смукате.
Носењето на бебе во домот обично значи помалку внимание за кучето па неопходно е да обратите внимание и на тоа. Би било паметно и пред да дојде бебето да го припремите кучето на покуси и поретки прошетки.
Во зависност од карактерот на кучето можете да примените различни методи за негово навикнување на бебето: носење на искористени бебешки пелени од породилиште, пуштање на снимен плач на бебе… Ако планирате на кучето да му го ограничите пристапот во бебешката соба, важно е тоа да го направите пред бебето да пристигне за да не го насочи своето незадоволство на новиот член во семејството. Кога по излегувањето од породилиште ќе се вратите дома вашето куче ќе сака да ве поздрави, а тоа ќе го направи баш со скок врз вас, така што подобро е кога ќе влегувате дома некој друг да го држи бебето.
Кога детето малку ќе порасне важно е да го научите како треба да се однесува спрема кучињата. Важно е да ја научи разликата помеѓу кучето во својата куќа и кучињата на улица или некое туѓо, затоа што нешто што можеби би поминало кај неговото куче, друго куче нема да го толерира. Кучето никогаш не треба да го присилувате да трпи мазење и дружење со детето ако тоа не му годи и не би требале да го казнувате кога ржи, затоа што тоа е знак дека нешто не му се допаѓа и дека следниот чекор е гризење…едноставно тогаш треба кучето да го оставите на мира. Со казнување само би го научиле да престане да не предупредува кога нема да биде задоволно.
После играње со кучето задолжително е миење на рацете. Во случај на гризење или гребаница местото треба да го измиете со вода и сапун. Ако се јави црвенило или оток задолжително отидете на лекар.
Можеби сето ова ви се чини премногу компликувано, но добрите страни на растењето со животни се бројни. Животните ги учат децата на одговорност, а односот кој детето го воспоставува со животното позитивно влијае на неговата самодоверба. Кучето е уште еден член на семејството кое на детето ќе му пружи безрезервна љубов, а од неа никогаш не е премногу.