ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Деца, забележувајте ги своите обврски!
    Деца

    Деца, забележувајте ги своите обврски!

    Некои луѓе се поорганизирани од други, па сите работи ги завршуваат без брзање, стрес и на време. За среќа, секој од нас со малку вежбање и добар план, може подобро да ги распореди своите обврски. Развивањето на организациоите способности е клучно за успех, не само на школо туку и подоцна во текот на животот, па би било одлично доколку вие како родители би му помогнале на своето дете да го постигне сето тоа. Еден ден, верувајте ќе ви биде благодарно, бидејќи лесно ќе ги совладува своите обврски, а ќе остане доволно време за слободни активности во кои ќе ужива.
    Еве неколку упатства кои ќе ви бидат од корист.
    1. Научете ги да правам листа на обврски
    Набавете му на својот школарец некој блок или распоред во кој ќе ги забележува своите школски и воншколски активности за целиот ден, вклучувајќи ги и неработните денови. Штиклирањето на завршените обврски позитивино влијае на самодовербата.
    На почетокот ќе му биде потребна ваша помош за да може да се организираат, водете сметка да нема премногу обврски или пак од друга страна да биде без обврски. Учете го како да се реорганизира и како да ги одвојува битните од небитните задачи.
    2. Научете ги како се учи
    Децата на учењето и пишувањето на домашни задачи им пристапуваат или стихијски, по принципот “го правам она што прво ми падна под рака” или пак на начин што најдосадните и најтешките предмети ги оставаат за крај, а двата начини се погрешни.
    За ефикасно учење, освен планот, важен е и распоредот. Иако на некои деца потребен им е мал поттик, што подразбира успешно решавање на најлесните задачи, секогаш е подобро прво да се проголта “наголемата жаба”. Значи, прво се прави она што побарува најголема концентрација, најголемо внимание и време, а тоа што е најлесно да се остави за крај, кога концентрацијата и заморот на детето ќе почне да опаѓа.


    3. Научете го детето како да си го уреди просторот
    Објаснете му на детето дека е многу важно работниот простор да биде уреден убаво и да биде организирам со потребни материјали и прибор кој ќе го има при рака. Пожелно е секој ден да учи на исто место, со што би се развила рутина, но не мора слепо да се дрќат до тоа правило. Не е лошо понекогаш да му попустите, доколку го побара тоа од вас, на пример да учи во дневната соба додека се обавуваат домашни обврски. Ќе можете да го преслушате, да му посочите и помогнете доколку негде запне, или пак да го надгледувате.
    4. Научете го секој ден да учи во исто време
    Школарците имаат многу обврски, но само една “работа”, а тоа е учењето. Детето мора да има приоритет, но тоа не значи дека детето треба да се фрли на книга веднаш штом стигне од школо. Прво нека руча и одмори, па потоа нека ги превземе обврските и тоа, доколку е можно, секогаш во исто време. Заблагодарувајќи на тоа учењето ќе биде продуктивно.
    5. Научете ги да прават план однапред
    За да може да го заштедите утринскиот стрес, како на детето така и на себе, научете дека облеката, книгите и приборот за следниот ден, треба да биде спремна од вечерта, пред спиење. Така наутро ќе имате време да се наспиете 5 минути подолго, да се расоните и да започне денот без нервози и доцнење.