• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Децата го обожаваат: Сок од крушка
Децата го обожаваат: Рецепт за кашест сок од крушка

Децата го обожаваат: Сок од крушка

Децата го обожаваат: Рецепт за кашест сок од крушка

Домашниот сок од крушка се прави едноставно и нема да ви одземе многу време, а вашите малечки ќе уживаат преку целата година.

Крушката во себе содржи витамин Б, кој е познат како борец против стресот. Освен ова, крушата е богата со многу витамини и минерали: бакар, калциум, калиум, витамин Ц и железо.

Она што најмногу ќе ги воодушеви младите мајки е дека крушата е овошје кое има најмал процент на веројатност дека ќе предизвика алергиска реакција па од таа причина малечките можат да го конзумираат ова овошје многу малечки. Прво што се дава на малечките е јаболкото, а потоа крушата.

Она што можеби не сте го знаеле кога е крушата во прашање, е дека ова овошје многу брзо го абсорбира мирисот, па би требало во фрижидерот да ги чувате подалеку од храна или пак намирници кои имаат јак мирис.

Ако до сега сте биле во недоумица кој е најдобриот начин за да ја сочувате крушката за зимница, за да можат малечките да ја конзумираат во текот на целата година, го пронајдовме вистинското решение.

Домашен густ кашасти сок од крушка е одличен за конзумирање во текот на зимските денови.

krusa

Потребни состојки за сок од крушка:

– 5кг круши (зрели но не презрели)
– 500-600 gr шеќер
– 1 цел лимон

Припрема:
Прво измијте го овошјето, а потоа излупете го и исечете го на коцки и ставете го во длабоко тенџере.
Додајте 1,5 литар вода и ставете на тивок оган да се вари.
Варете ги крушките се додека не омекнат, а потоа измиксајте ги во блендер. Доколку немате блендер, можете да ги изгмечите како за пире.
Добиената маса помешајте ја со шеќер чија количина зависи од тоа колку се самите крушки слатки. Во принцип најдобро е да додадете пола килограм шеќер веднаш, па потоа останатите 100 gr. Доколку има потреба.
Малку промешајте ја смесата па додадете го исцедениот лимон.
Вратете на тивок оган и оставете да се вари уште неколку минути (околу 5 минути е сосема доволно).
Вака припремениот домашен кашест сок од крушка ставете го во шише, а потоа завиткајте го шишето со целофан па затворете го и прекријте го со ќебе. Оставете го така се додека не се олади. Откако шишињата ќе станат потполно ладни ставете ги на ладно и темно место.