ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Децата и кариесот
    Децата и кариесот

    Децата и кариесот

    Децата и кариесот

    Слатките и цуцлите се едни од главните причинители за кариес кај малите деца. Здравите заби играат голема улога во општата здравствена состојба кај малите деца. За жал, расипаните заби освен што создаваат болка, можат да предизвикаат и сериозни последици.
    Од шестиот месец на детето па се до шестата година, кога почнуваат да се појавуваат трајните заби, многу е важна хигиената.
    Најголеми причинители за кариес e храната. Сите родители, додека го успиваат своето дете, најчесто му даваат чај, млеко или пак омилениот сок во шишенце. Секако, после тоа, детето не ги мие забите и тука почнува создавање на подлоги каде се развива бактерија и почнува настанокот на кариес.
    Циркуларниот кариес ги предизвикува бакетриите од родот sterptoccocus mutans, кои инаку се најголеми предизвикувачи за забната глеѓ.


    Родителите би требало да почнат да се грижат малку повеќе и на своите шестмесечни бебиња да им ги мијат забите со помош на со вата и вода. Постепено, како детето расте ќе се започне со употребата на четка за заби и паста за заби. Од петтата година, детето под надзор на родителите треба после секое јадење да ги мие забите. Во тој период ништо друго не може да го замени класичното миење на заби, а исто е од исклучителна важност е децата да јадат јаболка.
    Штом се појават дамки, веднаш посетете стоматолог. Без интервенција на стоматолог, оштетените заби почнуваат да крварат, што доаѓа до сериозни заболувања и многу силни болки.
    После шестата година од животот започнува појавување на трајни заби. Некои од млечните заби паѓаат а поголемиот број од нив ја губи својата виталност поради постепена ерупција.
    Последните млечни заби се губат отприлика околу единаесетта година а некои остануваат и подолго. Хигиената и постојаното миење на заби е најдоброто и единствено решение за децата од сите возрасти и секако, што помалку внес на шеќери, поскоро одвикнување од цуцла и поголема употреба на висококалорична храна е заштитата од кариес која треба да ја направите за своите деца.