ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Децата реагираат: Ова се најчестите симптоми на алергија од храна
    Децата реагираат: Ова се најчестите симптоми на алергија од храна

    Децата реагираат: Ова се најчестите симптоми на алергија од храна

    Најчести и вообичаени симптоми се болна подуеност на стомакот, зачестена и водена дијареа со многу непријатен мирис, понекогаш со траги од крв и повраќање. Често се јавуваат промени на кожата во вид на атописки дерматитис и екцема; уртикарија или осип со чешање, како и ангиоедем (отекување на лицето, посебно околу очите и устата), кој може да биде знак на сериозна алергија. Општ знак е изразена нервоза, немир и раздразнетост.

    Препознајте ги симптомите со помош на следните сигнали:

    Деца помали од две години

    -Ги ставаат прстите во уста

    -Го влечат и го чешаат јазикот

    -Испуштаат необични звуци слични на кашлање

    -Упорно ги влечат и чешаат ушите и пределот позади ушите

    Деца поголеми од две години ќе изјават:

    -Имам чуден вкус во устата

    -Како нешто да ми застанало во грлото

    -Усните ми се чудно затегнати

    -Јазикот ме пецка (врел е)

    -Како да имам некое влакно/влакно на јазикот

    -Усните/јазикот ме чешаат

    -Имам чувство како да имам бубачки во ушите.

    Ако забележите некои од наведените симптоми, веднаш отидете на лекар.