Децата родени во ноември се навистина посебни
Месецот на нашето раѓање влијае на многу аспекти од нашиот живот. На нашата личност, на нашата способност но и на нашето здравје. Овде не се работи за астрологија туку за факти докажани со статистички студии.
За вас кои сте родени во ноември еве шест причини поради кои сте навистина посебни:
1. “Крупни” луѓе
Оние родени во зима и во најладните месеци од годината имаат тенденција да бидат повисоки или поголеми по раѓање и во детството од оние кои се родени во лето и во текот на топлите месеци. За научниците, бебињата родени во текот на ладните месеци имаат гестација во најтоплите месеци во годината, што значи дека во матката имаат подобар проток на крвта и подобар внес на витамин Д, што главно е заслуга на престојот на сонце.
2. Физички се поспособни
Истражувањето на физичката спремност на школските деца покажа дека децата родени во ноември имаат подобра кондиција за дури 10% од своите врсници родени во другите месеци.
3. Се будат порано
Луѓето родени во есен и зима сакаат да одат на спиење порано, што значи дека се будат порано од другите луѓе.
4. Левораки
Децата родени во ноември имаат голема веројатност да бидат левораки, утврди едно истражување спроведено на 13.000 луѓе.
5. Отпорни на болести
Луѓето родени во ноември имаат помала веројатност да заболат од аутоимуни болести и кардиоваскуларни пореметувања. Исто така, истражувањата покажаа дека имаат помала склоност кон депресија.
6. Живеат подолго
Истражувањето спроведено во Чикаго покажа дека луѓето родени во ноември почесто го доживуваат својот 100-ти роденден.