• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Дедо Мраз подели над 100 пакетчиња во Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија
Дедо Мраз подели над 100 пакетчиња во Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија

Дедо Мраз подели над 100 пакетчиња во Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија

Во клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје,Дедо Мраз им го направи денот поубав на многу дечиња.  

Во Дедо Мраз маскиран беше вработен во црвениот крст кој со јаже се спушти од покривот за да им подели новогодишни подароци на малите пациенти кои со огромна возбуда и насмевка на лицето го пречекаа.

 

Зад оваа организација стојат градоначалникот на Скопје, Саша Богдановиќ, и амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.

Саша Богдановски на својот facebook изјави 

“Дедо Мраз од Тимот за спасување на планина на Црвен крст на Град Скопје кој со јаже се спушти по фасадата на Клиниката за детски болести ни помогна да ги поделиме пакетчињата на децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје. 
Сакам да се заблагодарам на амбасадата и амбасадорот на Република Бугарија, господин Ангел Ангелов, кои веднаш излегоа во пресрет за оваа акција, со која ќе им ги развеселиме и разубавиме предновогодишните денови на овие деца. Ова е порака и до другите општини, јавни институции и општествено одговорни компании и тие да се приклучат на оваа акција, затоа што сите треба да помогнеме на овие деца, секој на свој начин.
Благодарност до персоналот на Клиничкиот центар, волонтерите од Црвен крст Центар и Тимот за спасување на планина од Црвен Крст на Град Скопје, без кои оваа благородна акција немаше да биде возможна”

Одлична иницијатива ! Браво!