Дефекти во спиењето на бебето
Ако бебето подолг период се буди ноќе, а не можете да го откриете изворот на проблемот, можно е да станува збор за дефект во спиењето. Меѓутоа ова е ретка состојба, побарајте дијагноза и дополнителни информации од лекар.
Апнеа: Овој физиолошки проблем се манифестира со краткотрајно затворање на дишните патишта кај бебето во текот на сонот. Бебето располага со вграден систем што ќе го разбуди за да може да продолжи да дише. Меѓу симптомите во текот на спиењето спаѓаат ‘рчење или шумно дишење, кашлање, давење, потење, како и збунети и исплашени будења среде сонот. Кај бебето можат да бидат видливи знаци на недоволна наспаност.
Експертски совет : Ако бебето со тешкотии дише во текот на спиењето, разбудете го со тоа што ќе поминете со прст по неговото стапало. Никако не тресете го бебето за да го стимулирате дишењето.
Недоволна наспаност: Ако бебето често се буди во текот на ноќта , можно е да стане недоволно наспано. Симптоми се кенкавост и општа иритираност, како и претерано долги дремки во количка или во автомобил во текот на денот. Ако сметате дека вашето бебе е недоволно наспано, направете поредовен распоред на спиење. Доколку не успеете, обратете се на лекар.