Деформитети на ‘рбетниот столб и физичка активност: Дали сколиозата е пречка за занимавање со спорт
Кои спортови да ги одберете доколку детето има деформитет на ‘рбетниот столб, не советува доктор Перчич, дипломиран кинезитерапевт.
Дали е пречка да се занимавате со спорт ако постои некој деформитет на ‘рбетниот столб? Ова е само едно од многуте прашања на родителите кои имаат дилема на кој начин детето да го насочат на спорт. Во време кога децата се почесто седат пред компјутерите и тв екраните, а се помалку си играат и се занимаваат со спорт, имаме и поразителни резултати – секое трето школско дете има некој деформитет. Единствен начин тоа да се спречи е поголема физичка активност и ангажирање на мускулите и одржување на правилна положба на ‘рбетот.
Препорака е да не се одбираат асиметрични спортови, односно спортови кои ја ангажираат едната страна од телото (ракомет, тенис, фудбал, кошарка) поради поголемата ангажираност на мускулите на едната страна. Потребно ни е активирање на спротивната страна на деформитетот како би имало влијание на самиот деформитет. Нормално, треба да ја почитувате и волјата на детето, но тоа пред занимавањето со спорт би требало да научи што е правилна положба на телото (неутрална положба) и како да ја корегира и оддржува корегираната положба во текот на денот.
Спортови кои се препорачуваат кај сколиозата се: пливање, гимнастика, атлетика и одбојка.