• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Деформитети на ‘рбетниот столб: Кифоза кај децата – симптоми и лечење
Деформитети на ‘рбетниот столб: Кифоза кај децата – симптоми и лечење

Деформитети на ‘рбетниот столб: Кифоза кај децата – симптоми и лечење

Поради неправилното седење во школските клупи, пред компјутерите и честото гледање во мобилниот телефон, кифозата денеска е доста присутна кај децата на школска возраст.

Кифозата е нарушување на ‘рбетниот столб кај кое има преголемо испакнување на ‘рбетот наназад, што предизвикува голема закривеност на грбот.

Кога и поради што се јавува кифоза?

Кифозата е доста присутна кај децата на школска возраст, поради неправилното седење во школските клупи, пред компјутерите и честото гледање во мобилниот телефон. Вообичаено е еден деформитет, во овој случај кифоза, со себе да привлече и настанување на лордоза.

Често се јавува и како последица на забрзан раст и недостаток на физичка активност.

Како да препознаете кифоза?

Основни карактеристики се:

-главата е свиткана нанапред;

-рамениците се поместени нанапред;

-подгрбавеност во делот на грбот;

-вовлечени гради;

-изразена лумбална лордоза;

-лопатките се истакнати и одвоени од‘рбетниот столб;

-стомакот е испапчен и млитав;

-колената се свиткани (хиперекстензија) и поместени напред.

Како се лечи кифоза?

Основната задача е најнапред детето да се научи што е правилна положба на телото, како и после вежбањето би вложило напор во оддржување на корегираната положба.

Вежбањето се заснова на зајакнување на мускулите на грбот и трупот и истегање на мускулите на градниот кош.

Се применува шрот метода и корегирано дишење за активација на предните дишни зони, кои во комбинација со вежбите даваат добри резултати.