• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  10 работи кои вашето бебе навистина ги сака за Божиќ
10 работи кои вашето бебе навистина ги сака за Божиќ

10 работи кои вашето бебе навистина ги сака за Божиќ

Ако ова е вашиот прв Божиќ со бебето, сигурно сте многу возбудени и размислувате за тоа кој подарок да го одберете. Ви претставуваме десет работи кои секое бебе ќе ги посака.

До сега празниците сте ги поминувале во дует а сега сте тројца. Секој родител првите празници со бебето сака да ги помине на најубав можен начин, а секако и секое слободно време да го искористи размислувајќи кој подарок да го одбере за бебето засекогаш да има спомен на првиот Божиќ. Дали прав избор е играчка или можеби нешто друго? Меѓутоа работата е многу едноставна!

Еве неколку предлози за кои мислиме дека бебето најмногу ќе се израдува:

Сите можни украси во куќата

Мора и сами да сте забележале дека од како сте ја накитиле новогодишната елка, вашето бебе ја гледа со радост. Тие кои имаат малку поголемо бебе, сигурно ќе ја запамтат сликата на нивното дете, кое весело фрла шарени топчиња по подот, ги грицка и постојано ги влече гранките на елката. Немојте да помислите дека не забележале како внимателно гледате каде да ги ставите украсите за да бидат надвор од нивниот дофат. Значи, тоа што навистина бебињата го сакаат се украсите! Особено тие поскапите, рачно правени, тие кои имаат голема сентиментална вредност за вас.

Украсна хартија

Голем број од луѓето кога ги отвораат своите подароци, убавите украсни хартии сакаат да ги зачуваат, па во некоја друга прилика ги ставаат во фиока или на некое друго место. Вашето бебе ја сака таа фиока! Бебето ги сака сите украсни хартии кои вие сте ги сочувале. Дајте му на бебето неколку украсни хартии и тоа ќе придонесе Божиќот да му биде многу убав!

Кутија, тоест две кутии!

Ја знаете ли онааа стара шега за тоа како децата повеќе време поминуваат играјќи си со стари кутии а не со играчки кои вие сте ги купиле многу скапо? Тоа го сакаат и за Божиќ! Заборавете на играчките. Без разлика колку се интересни, никогаш нема да можат да засенат една кутија. Ако вашето бебе може и да седне во неа, додека другата ја држи во раце, тоа сигурно во него ќе ја поттикне доживотната љубов кон Божиќ!

Вашите клучеви

Немојте да помислувате дека можете да му ги подметнете оние шарени пластични клучеви кои сте ги купиле во продавницата за играчки. Тоа не е тоа што бебето го сака. Бебето ги сака вашите клучеви, тие треба да ви припаѓаат на вас и да бидат од оние кои се поголеми и поскапи. Ќе бидат среќни ако сте им подариле нешто што се наоѓа позади затворените врати на вашиот дом.

Една од оние скапите играчки за забите

Знаете на што мислиме, зар не? Ги викаат мобилни телефони, така некако…Ги сакаат за грицкање… и тоа веднаш!

Далечинскиот управувач

Златен грал кој секое бебе сака да го зграпчи и да го дофати пред да забележите дека го снемало од масата. Уште од денот кога дошло на свет, сфатило колкава радост носи далечинскиот управувач, а сега сака еден само за себе.

Да ги испразни сите кујнски елементи

Можеби не сте забележале, затоа што сте преокупирани со вообичаени пресвртници како лазењето, првите звуци кои личат на некои зборови, но вашето бебе е спрема за нешто возбудливо. Тоа се тренира веќе со месеци, но не успеало да си ја изврши задачата бидејќи постојано го прекинувате во тоа. Се што сака е да ги испразни сите кујнски елементи и со задоволство да го слуша звукот на омилените лонци и тенџериња.

Авто седиштето да не постои

Познат ви е звукот на викање секој пат кога ќе пробате да го заврзете ременот на неговото седиште за автомобил? Бебето сака да го викне Дедо Мраз од Северен пол и да го замоли тој да се погрижи за веќе да не седи во седиштето.

Опашката на вашиот куќен миленик

За разлика од повозрасните деца, вашето бебе баш и не го сака вашиот четвороножен пријател. Единствено што сака на него е неговата опашка и тоа токму за Божиќ. А на тој начин само сака да ја подобри својата координација. Ништо чудно, зарем не?

Вашата коса

Не, тоа не значи “Драг Дедо Мраз, сакам да наследам долга и убава коса како мојата мајка, а не ќелавост како мојот татко”. Тоа значи дека тоа навистина ја сака вашата коса. Сака да ја влече, да ја стави во уста, а највеќе од се сака да го прави тоа додека спиете.