Дете на возраст од 12 до 16 месеци – Вештини за движење
Вашето дете е во состојба на поголемо меѓусебно дејство со светот околу него. Тоа ќе ја користи секоја можност за запознавање, бидејќи станува поподвижно и му се развиваат спознанајните способности.
Поголеми достигнувања
-Многу бебиња учат да одат во овој период
-Учи да ги испушти предметите
-Изговара неколку зборови
-Се приврзува кон една или две личности
Физички развој
Речиси една половина од бебињата учат да одат во текот на овој период, иако многу од нив се уште паѓаат, ако го изгубат поттикот.
Веројатно, вашето дете ги направило и првите чекори, независно дали “крстосува” од еден до друг предмет или лице, или едноставно, проодело нормлано, оди веќе од 10 месеци или ако воопшто не проодело до 18 месеци.
Понудете му најразлични можности да ги искористи и да ги зацврсти мускулите на нозете во текот на подготовките за првото проодување. Почнете така што ќе му ги држите рацете додека тоа се обидува да стапне. Главата на бебињата обично е поголема во споредба со телото и е тешка, а рамнотежата е малку нарушена додека не се зацврстат нозете. Кога бебето почнува да оди, тоа ќе се движи со раширени стапала, со ножните прсти дигнати нагоре, за да има цврста основа што ќе му ја подобри рамнотежата. Кога оди само, рацете му се одалечени од телото што му помага да ја одржува рамнотежата. Со време, наместо да паѓа, тоа, веројатно, самото ќе си седне кога ќе се почувствува дека ја губи рамнотежата.
Добри вештини за движење.
Добрите вештини за движење на бебето- помали движења со рацете-исто така, се докажуваат при вежбање, заедно со координацијата рака-око. Кога ги испушта предметите од раката, се здобива со нова способност. Кога бебето е помало, ако му дадете некаков предмет, тоа силно го стиска се додека случајно не го испушти или не му го земете.Тоа се случува поради вродениот рефлекс за цврсто држење, На почетокот многу голема, оваа способност за цврсто држење се намалува во првите 3 месеци. Сега детето посегнува по предметот, го допира, внимателно го зема, го пренесува на друго место и го остава.
Движењата на рацете стануваат повешти, вашето дете почнува да го врти зглобот на раката, за да може да го остави предметот точно каде што сака. На почетокот тоа, движењето е малку понесигурно, бидејќи развојот на коските, што помага при ракувањето, се случува во првите неколку години, кога детето созрева и останува повешто. Сето тоа земање и испуштање на предметите-кое понекогаш може да нервира-е дел од активностите што се потребни за тие движења.
Покажува и зема
Детето сега почнува да ги насочува прстите кон тоа што сака да го земе – тоа најавува што сака да направи. Исто така, тоа ќе ја испружи раката кон тоа што го сака, за да ви каже што е тоа.
На почеткот, децата настојуваат да посочат со прстите, дланките и раката кога сакаат нешто, но со текот на времето учат да го искористат.
Учи да оди
Кога бебињата учат да одат , многу полесно им е тоа да го праваат бодс. Бебето многу може да покаже за површината на која оди, што чувствува на табаните-дали површината е мазна и мека или е тврда и нерамна. Не обувајте му на вашето дете ништо друго, освен меки чевли и овозможете му често да биде босо. Многу е важно да му ја измерите должината и ширината на стапалата за да можете да изберете чевли со соодветна големина. Ќе му бидат потребни соодветни чевли само кога излегува надвор. Веројатно ќе забележите дека на почетокот ќе му се приспособи ногата кон чевлите.