ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Дете во хороскопски знак на Јарец и начинот на воспитување
    Дете во хороскопски знак на Јарец и начинот на воспитување

    Дете во хороскопски знак на Јарец и начинот на воспитување

    Хороспкопскиот знак во голема мера одредува какво однесување ќе има вашето дете и тоа од неговото раѓање па се до одредена возраст. За особините на малите деца родени во хороскопскиот знак на Јарец ни пишува  астролог Татјана Дробац. 

    (0-2 година)

    Кога ќе го видите бебето ќе видите поглед на дете кое покажува дека се ве разбира. Дете кое делува поискусно во однос на другите бебиња- за тоа е виновно влијанието на Сатурн. Ова бебе ќе прати се околу себе за да го прими се она што е ново. Додека е многу мало ова бебе ќе има потреба за повеќе сон и затоа може да делува по сонливо или тромаво. Овие бебиња јадат онолку колку што им е потребно и не сакаат кога им се менува распоредот или составот на оброкот.

    Ова бебе понекогаш делува како да му е тешко да се насмее или развесели . Ги сакаат старите предмети и играчки и тоа баш онакви со кои си играле неговите баба и дедо. На овие бебиња не им е премногу важно многу да ги мазите, но затоа им е важно постојано да сте тука  и имаат чувство дека може постојано да се потпрат на вас. Ги сакаат старите луѓе како баба и дедо. Не сакаат претерано шарени и бучни играчки. Кога ќе бидат малку постари, со задоволство ќе гледаат слики, сликовници, книги а посебно ќе ги сакаат оние постарите како од антикварница. Многу ги привлекуваат песните напишани многу одамна како и бајките со дворци и кралеви. На своето малечко задолжително дајте му да си игра со лего коцки или играчки кои личат на цигли и камен. Тие ќе сакаат често да си играат со играчки или коцки со сина боја, но нека не ве чуди тоа, бидејќи тоа е бојата на нивната планета- Сатурн. Тоа е бојата која ги смирува. Никогаш не го терајте да прави нешто на сила, пуштете го самото да одлучи што сака, бидејќи емотивно само така ќе се отвори.

    (2-4 години)

    Вашето дете нема да сака да зборува многу, многу повеќе ќе сака да ве слуша и да размислува. Неговата логика е тешко да се разбере бидејќи тоа постојано ќе делува како нешто да повзува и се присетува. Додека не ги запознае другарчињата во градинка , ќе биде осамено и по настрана бидејќи тоа ќе анализира за да реши со кој сака да се дружи. Оние кои тоа ќе ги одбере ќе биде мал број но константен круг на пријателчиња. Тоа пријателство може да трае необично долго. Не е реткост Јарците да се држат од градинка дури и до крај на шклувањето со истите пријателчиња.

    Малиот Јарец е многу одмерен, никогаш нема да биде во центарот на случувањата доколку нема нешто паметно да каже или направи. Неговите цртежи обично немаат многу ликови или предмети, но затоа ќе бидат сортирани по скоро геометриски пропорции. Ова дете сака наука, па затоа се што ќе учи за светот и појавите околу себе, ќе биде многу драгоцено за него бидејќи има одлична меморија. Немојте да се изненадите  доколку ви зборува за некое случување или опишува личност на која вие едвај се сеќавате. 

    Не е љубител на игри кои се од натпреварувачки карактер, повеќе сака друштвени игри. Немојте да го критикувате како е неодговорен, бидејќи кај ова дете многу силно се разива чувството на одговорност. Затоа кон ова дете поставете се пријателски а не авторитативно, бидејќи вашето дете ќе може да стане многу повлечено и затворено. 

     
    (4-6 години)

    Сега со вашето дете можете да водите долги и паметни разговори. Неговите прашања ќе бидат многу зрели. Ќе го интересираат семејните односи и минатото. 

    Доколку во местото каде што живеете има музеј кој има предмети од секојдневниот живот од минатото, тоа премногу ќе му се допадне. Кога ќе се замисли и ќе делува тажно, не инсистирајте да ви го довери неговиот проблем. Јарецот едноставно го привлекува меланхолија и е најмногу наклонет од сите знаци во зодијакот. Ако е тоа негово природно однесување а вие го доживувате како негов проблем, тогаш ќе направите вашето дете да изгуби доверба во вас односно да не сака да споделува ништо. Ова дете подобро би молчело одколку да го сметате за необичен или поинаков од другите. Никогаш на малиот Јарец не му велете , “Сеуште си мал за тоа, кога ќе пораснеш ќе знаеш.” Овој знак ужива во тоа да биде позрел од својата генерација, затоа дајте му знаење со кое ќе се чувствува како да е во предност во својот круг на другарчиња . Сонот и одморот на малиот Јарец му се многу важни, затоа времето за спиење треба да биде секогаш во исто време секој ден. Во текот на летото, потребно му е доста сонце, седење во природа, а уште повеќе му годи планина на висока надморска височина одколку летување на море.