ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Детето е љубоморно на братчето или сестричето
    Детето е љубоморно на братчето или сестричето

    Детето е љубоморно на братчето или сестричето

    Совети како да го подготвите поголемото дете на новиот член во семејството

    Зошто се јавува љубомора кај поголемото дете?

    Одамна, кога во семејството имало повеќе деца, родителите не помислувале дека може да се појави љубомора помеѓу нив. Родителите имале многу обврски околу домот, немало централно греење, машина за перење облека и садови… Денес големите семејства се ретки, но затоа љубомората на поголемото дете во однос на новиот член на семејството стана глобален проблем.

    Современите родители кои чекаат второ дете треба да прифатат дека љубомората на детето е нормална појава, а ако ја нема љубомората може да укажува на некои проблеми во семејството.

    Често со доаѓањето на второто дете во семејството целото внимание на родителите (а многу брзо и на сите возрасни членови во семејството) се префрла на бебето. Поголемото дете, без обзир на возраста, треба да се прилагоди на новата ситуација, затоа што тоа сега престанува да биде центар на вниманието. Детето сега автоматски станува поголем брат/сестра и опкружувањето на тоа често инсистира зборувајќи му како тој сега е поголем, постар.

    Важно е да разберете дека детето само уште не ја гледа разликата помеѓу новороденчето и себе, па доколку родителите не му посветуваат доволно внимание, тоа нема да бира начин како да го привлече нивното внимание.

    Како да го припремиме детето за промената во семејството?

    Обрнете внимание на малите деца на улица, одете на гости кај пријатели кои имаат бебе. Поголемото дете нека се запознае со нив, а и вие раскажувајте му за тоа како изгледа новороденчето. Покажете му слики или видео кога тоа било бебе, како не знаело да оди , зборува и како се учело чекор по чекор.

    Покрај тоа, важно е да му кажете како бебето расте во стомакот, одете заедно да ги купувате најпотребните работи за новороденчето, и полека учете го детето да е самостално, секако во зависност од возраста.

    Секако, доволно време посветувајте му и на едното и на другото дете. Разбирливо е дека за помалото ќе има потреба од поголема грижа, но со добра организација се е можно.

    Договорете се со сопругот кога вие ќе се грижите за бебето тој да се грижи за поголемото дете и обратно. Помошта од роднините и најблиските пријатели е секогаш добредојдена.

    Како детето ја искажува љубомората?

    Повеќето од децата плачат или се каприциозни, но во некои случаи поголемото дете може да има проблеми со спиењето, со вечерното мочкање, може дури и да се разболи…

    Некогаш детето се лути зошто мама толку време поминува во пресоблекување, бањање и негување на бебето… Задолжете го да биде ваш помошник, да ви ја додава пелената, кремата, така ќе се чуствува важно и гордо и полесно ќе го прифати помалиот брат или сестра.

    Што да правите кога поголемото дете ќе искаже љубомора?

    Користете убави имиња за двете деца (едното нека биде маче, а другото патче. Важно е да не помешате на кое дете кое име сте му го дале).

    Неколку месеци пред породувањето отстранете ги играчките кое поголемото дете веќе ги прераснало, а кои планирате покасно да му ги дадете на помалото дете, затоа што може да се лути што ги давате неговите играчки.

    Ако детето спие со вас не го селете од вашиот кревет, пред доаѓањето на новиот член. Тоа направете го неколку недели или месеци пред или после доаѓањето на новиот член.

    Бидете искрени кон детето и немојте да му зборувате како кога ќе се роди братот ќе може да си игра со него, кажете му дека во почеток бебето само ќе спие и ќе ви треба негова помош да го негувате…

    Пронајдете доволно време за двете деца, а ако е потребно побарајте помош од баба, дедо, тетка…