ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Детето не сака да дели ништо со други
    Детето не  сака да дели ништо со другиДетето не  сака да дели ништо со други

    Детето не сака да дели ништо со други

    Сите родители набргу откако детето ќе прооди се соочуваат со проблемот дека детето не ги споделува своите играчки. Тогаш тие често се чувствуваат непријатно во паркот, се прашуваат како да реагираат, што да кажат, како да го натераат детето да позајми играчка ако тоа не сака. A што ако тоа земе играчка од друго дете? Сите овие ситуации се многу незгодни.

    Нормално е детето да не сака да споделува играчки, особено помладите деца. Тие почнуваат да го разбираат концептот за споделување некаде околу третата година, но ќе треба време за детето да почне доброволно да ги дели играчките.

    Како да го научиме детето на споделување на играчките

    Тригодишно дете почнува да развива емпатија и знае дека треба да сподели нешто со другите, но тешко му е да му се спротивстави на својот импулс да го задржи за себе. Немојте да се изненадите ако вашето дете ја одземе и.грачката од друго дете, но одбива да му дозволи да ја даде неговата играчка.

    Повеќето деца на возраст од 3 и 4 години се ставаат на прво место и многу ги вознемируваат ако потребите на некој друг се на прво место.

    Заеднички игри и активности

    Детето сака внимание и фалба од другите. Може да го радува да нацрта нешто и да му го даде на некој друг. Тоа постепено ќе го научи вашето дете да споделува, а притоа да ужива во тоа.

    Нека учествува во игри со други, но не во игри во кои некој се очекува да победи (на пример: Човечет не се лути), но во игри како редење слoжувалка. Нека учествува во домашните работи: месетење на постелнина,распакување на производите од продавница,бришење прашина.

    Никогаш не казнувајте го детето ако тоа не дели.

    Веројатно ќе се чувствувате засрамено секогаш кога вашето дете нема да подели нешто или се фрла во моментот кога треба да го врати велосипедот на некој друг, но тоа е нормално. Немојте да му кажете на вашето дете дека е себично или нешто негативно. Кога децата се срамат од нешто, тие потоа имаат отпор и тешко се трудат кон нови вештини.

    Знајте дека е нормално детето да сака нешто да поседува, бидејќи развива чувство за тоа што значи кога имате нешто свое. Сепак, на крајот ќе созрее и ќе почне да споделува работи со пријателите, бидејќи е позабавно да се има друштво отколку да се биде сам со своите играчки.

    Ако детето има играчка, ќебенце или нешто слично што претставува милив предмет – предмет од кој не се раздвојува кога спие или кога се плаши, нормално е дека детето никогаш нема да сака да го дели овој предмет.

    Разговарајте со детето

    Внимавајте да интервенирате кога е можно пред децата да бидат премногу вознемирени и да почнат да викаат или физички да се напаѓаат. Додека децата се смирени, обидете се да зборувате за ситуацијата мирно и внимателно, за да можат да разберат што се случува. Ако некој не сака на вашето дете да му ја даде својата играчка, обидете се да му објасните на детето дека неговиот пријател не сака да ја сподели својата играчка, бидејќи таа му е многу драга и предложете му да си игра со нешто друго.

    Научете го детето да го реши проблемот

    Научете го детето да разликува дека не е исто да даде / да подари и да позајми нешто. Тоа треба да знае дека ако ја позајми својата играчка не значи дека нема да му ја вратат. Исто така, важно е да му укажете дека со делење и тој ќе игра со играчките на другите.

    Не ги споделувајте сами работите на вашето дете

    Ако детето сака да ги чува некои од неговите играчки кои се скршени, почитувајте го тоа. Затоа секогаш е важно да не давате негови работи на некој друг, било да е тоа неговиот брат и сестра. Прво побарајте дозвола од Вашето дете.

    Пред вашите пријатели или роднини да дојдат кај вас, прашајте го вашето дете дали сака да ја ставите играчка што му е важна или лесно може да се оштети на некое сигурно место. Потоа мотивирајте го да осмисли со што можат да си играат, да се забавуваат, однапред да знаат дека нема да наштетат на нешто.

    Бидете пример за вашето дете

    Најдобар начин за вашето дете да биде дарежливо е да Вие бидете негов модел. Споделете со него бонбони, позајмувајте му го шалот на вашето дете, прашајте дали може да ја наредите неговата сложувалка, позајмете му ја својата омилена шоља за кафе за да се напие јогурт за вечера од неа.

    Секогаш користете ги зборовите “подели” и “позајми” било да прераскажувате настани од тој ден, зборувате за вашите чувства или за размена на некој предмет. Дозволете му на детето да ве види дека споделувате со другите.