
Детето одбива да јаде зеленчук? Пробајте ги овие 5 ефикасни трикови
Детето одбива да јаде зеленчук? Пробајте ги овие 5 ефикасни трикови
Многу родители се загрижени што нивните деца не јадат. Кога е храната во прашање, пребирливоста за храна многу често е фаза, но таа фаза е секогаш фрустрирачка за родителите.
Психологот Клер Левинс од Универзитет во Лондон, открива 5 совети со кои вашето дете ќе ги прифати намирниците кои не му се баш привлечни.
1. Пробајте 20 пати
“Доколку вашето дете не сака одредена храна и не сака воопшто да ја проба, понудете му помала количина 20 пати по ред”. Клер објаснува, дека истражувањата покажале дека оваа метода го намалува стравот на детето да се запознае со намирницата, па веројатно со тек на време, детето ќе почне да јаде.
2. Изедете половина
Секогаш на своите деца бидете им пример, па дури и кога е храната во прашање. Намирниците кои децата не ги сакаат преполовете ги. Изедете ја својата половина пред детето и речете дека е вкусна, а потоа понудете му ја на детето другата половина. На овој начин им покажувата дека храната е дозволена и сигурна за јадење.
3. Немојте да правите притисок врз детето
Казните можат да имаат негативен ефект.
Ако на детето му кажете дека не да оди во парк додека не ги изеде брокулите, всушност влијаете на тоа детето да ја мрази брокулата уште повеќе.
4. Пофалете го детето
Кај некои деца пофалбата многу ефикасно влијае. Освен што можете да го изговорите зборот “браво”, можете и да ги наградите со налепници, беџови….Истражувањата покажале дека децата се мотивирани кога се борат за награда.
5. Никогаш не давајте награда во облик на храна
“Ако ги изедеш брокулите, ќе добиеш сладолед”, е потполно погрешна метода. Оваа стратегија води до тоа детето уште помалку да ја сака храната која инаку ја сака, а ќе почне се повеќе да ја сака онаа која му ја нудите како награда, а тоа се најчесто помалку здрави намирници како чоколади и слатки.