ДЕТЕТО СЕ ГУШИ ОД ПЛАЧЕЊЕ И ОСТАНУВА БЕЗ СВЕСТ: ДАЛИ Е ОПАСНО И КОГА ДА СЕ ЗАГРИЖИМЕ?
Педијатрите објаснуваат како да се реагира кај афективна респираторна криза, дали се опасни и што помага.
Ако вашето дете додека плаче знае наглода остане без воздух и помодри, а можеби и ќе остане без свест, смирете се, тоа најчесто не е опасно и ако родителот е смирен може да престане, кажуваат некои педијатри.
“Таквите епизоди лесно можете да ги искорените одма откако ќе заплаче, пред да дојде во ситуација да почне да се бори за здив, занимавајте го така што ќе му покажете играчка, прашајте го “кој е тоа”, или на некој друг начин задржете му го вниманието. Ако родителите се сконцентрирани и и реагираат така секој пат, такви епизоди веќе нема да се повторат.
Се работи за афективна респираторна криза, за што во народот често се вели дека детето заоѓа или се загрцнува. Иако не е опасно, тоа е без сомненеие многу нелагодно за детето, бидејќи во такви ситуации се јавува чуство на блиска смрт.
Што да се направи кога детето ќе престане да диши и ќе ја изгуби свеста од плачење или бес?
Важно е родителите да останат смирени.
Кога детето ќе заплаче така да не може да се смири, се случува спазам на мускулите во градниот кош и во еден момент почнива да се бори за воздух. Тоа е исто како на детето некој да му ставил раце преку врат и да го гуши. Се јавува чувство на блиска смрт, детето на кратко може да остане без свест. Кога ќе помине спазмот, детето повторно ќе почне да диши, но секој иден пат кога ќе заплаче, во очите на детето ќе се чита страв, поради чувството дека тоа може да се повтори.
Во прашање е проблем кој има емоционална подлога и најчесто се случува со односот на едниот родител, со оној кој бурно реагира на такви ситуации, па е многу важно родителот да остане смирен.
“Важно е да знаете дека таквите ситуации не се опасни, на детето ништо не може да му се случи, освем ако во моментот кога ќе заплаче не стои, па во случај на губење на свеста може да падне и да се повреди. Затоа, ако дојде до таква ситуација, немојте да паничите и да го плескате детето, или да го тресете, да пробувате да го доведете во свест, бидејќи гушењето ќе престане само од себе. Единствено што во тие моменти можете да го гушнете детето и да чекате да помине, за да можете одма после тоа да го утешите”, нагласуваат лекарите.
“ Секако ако приметите дека детето не престанува да плаче ни кога му го одвлекувате вниманието, односно ако тие ситуации се повторуваат, секако треба да се отиде на лекар за да се исклучат други причини, нагласуваат лекарите.