Детето учи за себе низ нашиот однос кон него
Пред вашето дете да го наречете хиперактивно, хиперосетливо или на било кој друг начин да го декларирате како посебно, добро размислете најпрво дали тоа е навистина така, дали вашето дете е толку посебно и поинакво и што правите што се однесувате кон детето на тој начин.
Освен во случаите кога дефектолозите и неуролозоите ќе проценат дека имате хиперсензитивно дете кое навистина реагира на малку појак звук, светлост и слично, или хиперактивно каде што таа хиперактивност навистина ја надминува развојната здрава засилена активност кај децата, немате причина своето дете да го третирате на посебен начин.
Секое дете е единствено и секое дете вклучувајќи го и детето со развојни пореметувања има потреба да си игра, учи, спие, храни, но и да се подготви за животот во стварниот свет.
Врз основа на начинот на кој се однесувате спрема детето тоа ќе створи слика за самото себе. Ако вие го доживувате како специјално осетливо или поинакво, тоа ќе формира иста таква слика за себе.
Како сакате детето да се гледа себе кога ќе порасне? Токму така третирајте го токму сега.