ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Детски родендени-некогаш и сега
    Детски родендени-некогаш и сега

    Детски родендени-некогаш и сега

    Родителите носталгично се сеќаваат на скромните роденденски прослави и тврдат “како тие во свое време многу повеќе се забавувале”.

    Родителите се повеќе се збунети, а новчаниците се попразни од роденденските прослави. На мама сендвичите и тортата на баба се заменуваат со ремек-дела на фондан и забавувачи, кловнови и трансформери.

    Порано дружбите, прославите беа во куќата или во детската соба. Семејството, неколку пријатели, балони, роденденската песна, и се разбира, торта,од мајката или бабата. Денес, родендени се преселија во специјални изнајмени простори.

    “Технологијата напредува, а и со самите цртани филмови и анимирани филмови за деца наметнат е тренд дека децата повеќе ја сакаат таа технологија… Децата денес бараат се повеќе и е многу тешко да се анимираат во последно време .

    “Кога бев дете, ако некој ми пријдел ваков како мене, со таква вештина и се што знам сега, јас би се онесвестил”,кажа Воислав Шантиќ, кои ги забавува децата како кловн Пуцко.

     

    Прославата на роденденот и првите зачувани податоци за кловновите датираат од древниот Египет, 2.400 години п.н.е. Времињата се многу променети од тогаш, но кловнот успеал да надмине се и да го задржи своето место на детските родендени.

    Роденденската торта што ја знаеме денес и свеќите што ја симболизираат светлината на животот првпат се појавила во Германија во 18 век. Некои нации додавале свеќички повеќе од годините што славеникот ги полни, бидејќи верувале дека ќе го продолжат својот живот.

    Во нашата земја од 19-тиот век се слави прославата на роденденот, дотогаш беше обележувано само крштевањето.

    По роденденската песна, тортата е повкусна. На славеникот му останува да замижи, земе длабок здив и да си замисли желба. А во добро друштво, полесно е да се изгаснат свеќите.