Детски сон. Преодни предмети
Тоа се предмети што му помагаат на бебето да се смири и самостојно да го активира режимот на спиење. Се нарекуваат преодни предмети бидејќи при стресни состојби ја превземаат улогата на родителите и го смируваат бебето. Најчесто се во форма на ќебенца или мали кадифени играчки. Родителите честопати им даваат и имиња.
Внимавајте: кај малите бебиња постои опасност од задушување од преодните предмети. Не давајте му вакви играчки додека бебето не научи да се превртува.
1.Преку ден, претставете му неколку преодни предмети на бебето.
2.Навечер ставете ги предметите во креветчето. Еден или два ќе му бидат попривлечни од другите, ќе сака да спие поблиску до нив или ќе сака да ви ги грабне ако ги земете од креветчето.
3.Откако на овој начин ќе го утврдите омилениот преоден предмет, дајте му го на бебето во текот на подготовките за легнување. Тоа ќе почне да го асоцира предметот со легнување во кревет. Предметот ќе биде сигнал за бебето да се подготви да биде оставено само.
4.Држете го предметот до бебето во текот на доењата. Дозволете предметот да го добие вашиот мирис. Некои родители ставаат и мало количество мајчино млеко на површината.
5.Откако бебето ќе се поврзе со преодниот објект, купете една или две резерви.
6.Дозволете му на бебето да го носи предметот со него и во текот на денот. На тој начин поврзаноста со предметот ќе се продлабочи и чувството на сигурност кај бебето ќе се засили.