Детските песни помагаат во развојот на говорот кај децата
Одамна е познато дека разговорот кој делува смирувачки и песничките можат да му помогнат на бебето во учењето на зборови и подобро совладување.
Докторката Victoria Leong од Универзитетот Кембриџ, вели дека бебињата се во можност повеќе да учат додека мајката им пее со смирувачки глас.
Бебето сака да слуша додека мајката пее, тоа им го одвлекува вниманието и звучи појасно од нормалниот- секојдневниот говор. Што почесто бебето слуша песнички многу полесно ќе се развива неговиот говор, вели докторката.
Додека му се обраќате на вашето бебенце, гледајте тоа да биде преку песна.
Исто така е откриено дека бебето подобро учи доколку подолго се одржува контакт со очите. Мајките го задржуваат вниманието на бебињата кога ги гледаат во очи.
Се истражува што точно се случува во мозокот на бебињата кога ги учат работите…