ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  ДЕТСКИТЕ ИГРИ ВЛИЈААТ НА РАЗВОЈОТ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА
    ДЕТСКИТЕ ИГРИ ВЛИЈААТ НА РАЗВОЈОТ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА

    ДЕТСКИТЕ ИГРИ ВЛИЈААТ НА РАЗВОЈОТ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА

    Уште одамна, познати се разни активности со кои родителите го поттикнуваат развојот на детската психа, но кои на децата и не им се баш интересни. Меѓутоа, постојат и игри кои се подеднакво корисни и интересни за децата. Дознајте во кои шест забавни активности ќе уживаат вашите деца, а кои истовремено ќе влијаат и на развојот на нивната интелигенција…

    Криенка

    Една од најстарите игри која истовремено преставува забава за вашето дете, како и интересна активност со која децата ја развиваат способноста за ориентација и снаоѓање во просторот. Во оваа игра децата мораат да имаат во главата распоред на сите работи на игралиштето и да направат план на кои места ќе можат да се скријат, да смислат како да стигнат до таму, да направат карта во главата која се врзува за местото каде што решиле да се сокријат и секако успешно да се ориентираат. Така оваа едноставна игра го поттикнува комплетниот ментален систем на вашето дете. Ако сакате и вие да учествувате во оваа активност, можете малку да ја измените, па наместо вие да се криете, користете одредени предмети кои ќе ги криете и кажете му на детето да ги пронајде.

    Коцки

    Коцките претставуваат една од најстарите игри. Тие му помагаат на детето да експериментира-да добие способност да направи хипотеза (што би се случило ако ја ставиме големата коцка врз малата?), да ја проверат истата, да направат заклучок, односно да дојдат до заклучокот (ако ја ставиме големата коцка врз малата, таа ќе падне). Психолозите велат дека ваков тип на активности преставуваат база за понатамошен развој за научно размислување. Играњето со коцки исто така може да го научи детето на зборовите како што се горе, доле, под, над, лево или десно. За родителите е важно константно да ја менуваат задачата, како би го поттикнале детето да размислува и истовремено и да учи.

    Песок и вода

    Чаша вода, многу песок, неколку чаши и лопатче можат да го задржат вниманието на детето со часови. Низ овие игри, детето ќе се запознае со текстурата, големината и разни агрегатни состојби. На овој начин тоа се учи и на посветеноста на работата, како и на истрајноста додека стрпливо се запознава со фактот дека водата која ја сипува во песокот полека се губи. Вие можете да се вклучите во активностите со прашања од типот “овие стапчиња што се поставени стојат сами, дали знаеш зошто е тоа така?”, на тој начин го поттикнувате неговото размислување.

    Обратни улоги

    Во оваа активност вие го пуштате вашето дете да биде главно. Било која игра да е во прашање, пуштете го детето само да одлучи како ќе изгледа, и колку ќе трае. Истражувањата покажуваат дека децата ги учат сите зборови низ игри во кои вие нив ги пратите, а не оние во кои тие ве пратат вас. Пуштете го детето да биде главно и само понекогаш прашајте го зошто прави одредени активности и што сака да постигне со тоа.

    Облекување

    Играњето со облекување ја развива имагинацијата, креативноста па дури и контролата, кои се многу важни како што расте детето. Кога детето ќе се маскира тоа се одалечува од  самото себе, што ги наведува да покажуваат подобра самоконтрола.

    Играње готвач

    Дадете му на детето некој сад и дрвена лажица и пуштете го да готви. Иако детето знае дека е тоа “кобајаги” готвење, тоа навистина се забавува истовремено развивајќи способности кои водат кон описменување. Со оваа активност и читањето станува апстрактно, така што некои облици во книгите стануваат стварни, на пример “автомобилот” за нив станува “таа работа што стои во гаражата”.