9 прехрамбени производи за цврст сон
Авокадо
Децата го сакаат авокадото, но ако тоа не се однесува на вашето дете, пробајте да го измешате овој производ со банана. Така ќе бидете сигурни дека на вашето дете сте му ја обезбедиле потребната доза на магнезиум и калиум, минерали кои ги опуштаат мускулите и нервите, како и влакна, кои допринесуваат за чувството на ситост.
Овесни снегулки
Овесните снегулки се богати со мелатонин, хормон на сонот и со влакна и му овозможуваат на организмот долго чувство на ситост. Дајте му на детето овесна каша за доручек или овесни бисквити и чаша млеко за послепладневната ужина.
Банана
Ако постои најдобар прехранбен производ за спиење, тогаш тоа е бананата. Таа содржи коктел од триптофан, магнезиум и калиум, поради што ги потикнува мускулите да се опуштат. Покрај другото тропско овошје, како ананасот и портокалите, бананата го поттикнува лачењето на мелатонин, хормонот на сонот.
Зелена салата
Крцкавите листови на овој вкусен зеленчук богати се со лактоцин, органско соединение кое има слабо седативно дејство. Најдобро е да се јаде од јуни до октомври, кога и е сезоната, тогаш е набогата со хранливи состојки. За да му помогнете на детето да ја засака, дајте му ја исечена на парчиња, заедно со благ зеленчук, како домат и пиперка.
Компир
Како и другите производи кои се богати со јаглехидрати, компирот му помага на телото да го преработи триптофанот во серотонин, хормон кој опушта. Послужете ги печени со кора и ќе бидат одличен извор на калиум. Истражувањата покажуваат дека недостатокот на калиум предизвикува несоница и проблеми со спиењето.
Бадеми
Бадемите се многу богати со магнезиум и триптофан. Ако детето е многу мало за да изеде цел бадем, можете да сомелете неколку и да ги искористите наместо брашно при подготовка на јадење, или да се помешаат во овошна каша. Бадемот е производ кој предизвикува алергија, затоа треба да се провери реакцијата на детето ако е поголемо од една година. Во храната ставете му малку мелен бадем, и ќе видите како ќе реагира.
Сирење
Децата го сакаат сирењето, производ кој е богат со триптофан, а најдобро е да го комбинирате со интегрални јаглехидрати, затоа што така организмот на детето полесно ќе ја претвори оваа амино-киселина во серотонин. Јаглените хидрати го поттикнуваат производството на инсулин, што го смалува нивото на амино-киселина во телото. Ако нив ги има помалку, тогаш повеќе триптофан ќе дојде до мозокот на детето. Печен компир со сирење, интегрални тестенини со сирење или интегрален тост со сирење-добар избор се за вечера.
Интегрален леб
Богат е со влакна и триптофанин, интегралниот леб претставува одличен производ за подобрување на сонот, обезбедува долго чувство на ситост.
Чија семе
Ова семе е богато со триптофанин, лесно може да го вклопите во повеќе оброци. Можете да го помешате со овесната каша или со овошје. Сепак, чија семето може да предизвика алергија, затоа на децата поголеми од шест месеци треба најнапред да им дадете во многу мала количина за да ја проверите реакцијата.
А што е со мајчиното млеко?
Ако го доите бебето, тоа веќе има оброк кој му помага за подобро да спие. Мајчиното млеко содржи нуклеотиди, хемиски соединенија кои го потикнуваат сонот, а нивното ниво е различно во текот на денот, а најголеми вредности достигнува ноќе. Паметно, нели?