
Дилема на мајките кои дојат: Што ако бебето заспие во текот на доењето?
Доколку вашето бебе ви заспие на градите додека го доите, а поради тоа сте загрижени и се прашувате дали бебето успеало да се најаде, прочитајте подолу кога е нормлано а кога постои причина за загриженост.
Доколку го доите бебето само неколку минути, и веќе приметувате дека неговото тело се опушта и полека заспива. Тоа е навистина многу убав момент, но се прашувате дали успеа да се најаде како што треба?
Со вакви прашања постојано се занимава Бети Мекмилан, која дава совети за доење во Отава, Канада.
Таа вели дека во поголем број на случаеви нема потреба за загриженост, но наведува неколку ситуации кога родителите би требало да се посоветуваат со нивниот педијатар.
Кога постои причина за загриженост?
Многу бебења се борат со ефективно цицање во првите денови од живот, и често во текот на доењето се случува да заспијат дури и ако не се доволно најадени односно не испиле доволно млеко. Тоа се случува од причина што многу брзо и лесно се уморуваат. Ова најчесто се случува, вели Мекмилан кога мајките гледаат на саат а не ги пратат потребите на бебето. Бебето сака рутина, но не по секоја цена. Така да треба да водите сметка да не чекате последен момент за подој пред времето на спиење.
Родителите често и погрешно веруваат дека бебето заспива кога е сито, но тоа не мора да биде правило. Некои бебиња можат да цицаат ефективни 5 минути и да се најадат, додека пак други може да цицаат и дваесет минути а да останат гладни.
Бебето ќе биде најадено или ќе се најаде кога :
-Кога го започнало доењето со широко отворени очи и фокусирано
-После краток период од брзото цицање слушате дека сеуште голта млеко
-Вашите гради после секој подој ги чувствувате помеки и испразнети
-Бебето заспало опуштено со рацето во вис и благо опуштени. Доколку е заспиено со стисната перцница и делува напнато, веројатно сеуште е гладно
Доколку приметите дека бебето заспива, а мислите дека не се најало доволно млеко, пробајте го следново:
-Променете ја градата и во текот на префрлувањето благо разбудете го бебето преку пеење, штипкање или бакнување
-Со палецот и показалецот, нежно притиснете ги ивиците на ареолата со цел да го потикнете млекото да почне да тече а вашето бебе да почне да голта.
Голем број на мајки сметаат дека бебето не треба да заспие на нивните гради, туку исклучиво во неговото креветче. Поради тоа, кога ќе видите бебето дека почнува да заспива тогаш одвојте го од градите и спуштете го во креветчето. За ова исто така постои мислење дека бебето ќе заспие само ако се најало доволно, што апсолутно како што кажавме погоре не мора да е точно. Кога мајката ќе почне да постапува според различни уверенија, често се случува да го стават во кревет бебето кое не се најало доволно.
Доколку сметате дека бебето треба да заспие во своето креветче, потрудете се тоа да го направите на друг начин а не да го одвојувате од градата. Многу подобра опција е малку да го разбудите бебето со промена на градата или пак со бакнежи отколку веднаш да го ставите во креветче, се со цел да бидете сигурни дека е доволно најадено.