ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Доење – било кога и било каде
    ДОЕЊЕ-БИЛО КОГА И БИЛО КАДЕ

    Доење – било кога и било каде

    Според советите и предлозите на нашите стручни лица, ова лето дојте го бебето во парк, на плажа или во своето омилено кафуле….

    Со убавото време и подолгиот ден нормално е дека ќе поминувате повеќе време надвор отколку дома. Тоа значи дека бебето ќе го храните на разни необични и убави места. Ако го доите, ќе имате голема предност во вид на неограничена количина на храна секогаш свежа, и со идеална температура. Но, тоа исто така значи и дека ќе морате да ги покажете дојките на јавно место. Некои од нас лесно и без срам се пресоблекуваат во соблекувални меѓу непознати луѓе, а други ќе се одлучат за интимна кабина. Тое е сосема нормално! Секако, секоја жена има право да дои на јавно место, но во тој момент да се чувствува пријатно и опуштено. Ако чувствувате нелагодност кога ќе помислите дека бебето ќе го доите во парк или во преполното кафуле, постојат многу начини да си олесните.

    ПЕРСПЕКТИВА

    Ако не сте сосема опуштени да го доите бебето на јавно место, можете прво да вежбате дома. Ставете ја фотељата или столицата пред огледало и по неколку доења погледнете како тоа изгледа. Ќе откриете дека не ви се гледа многу од телото, бидејќи телото на бебето и неговото главче ги кријат вашите откриени делови на телото. Кога го поставувате бебето на почеток и кога го тргате на крајот на доењето можно е да се види малку повеќе кожа, но со вежбање можете да станете многу брзи во тоа, и да постигнете никој да не види ништо.

    ПРОМЕНА НА АМБИЕНТОТ

    Ако до сега бебето сте го доеле во мирни услови во својот дом, ви предлагаме да почнете да се навикнувате на средина во која има повеќе природна светлост, повеќе бука и случувања. Вклучете го телевизорот или пуштете музика малку погласно, подигнете ги ролетните и тргнете ги завесите. Зборувајте му на бебето додека го доите или гласно пејте му. Бебето ќе биде малку збунето во почеток, но многу брзо ќе се навикне и ќе се смири. И вие треба да се навикнете на доење во јавност. Доењето се одвива многу полесно кога сте смирени и среќни, бидејќи мозокот тогаш лачи повеќе окситоцин, хормон кој ја потикнува лактацијата и допринесува за чувство на опуштеност.

    Ако сте нервозни и под стрес, мозокот нема да произведе доволно окситоцин, поради што и самото доење може да биде отежнато, затоа што на бебето ќе му биде потешко да влече, а тоа на вас ќе ви направи дополнителен притисок. За да се научите на доење на јавно место, викнете ги пријателките на кафе во времето кога вообичаено го доите бебето.

    Следниот чекор е да се навикнете на доење во пријателска средина, како што се разните групи за бебиња и мајки, или во текот на советувањата за доење. Кога сте опкружени со добронамерни личности, кои во секој момент можат да ви дадат помош, ќе престанете да мислите на себе и на своето чувство за срам меѓу луѓето, ќе се опуштите и ќе приметите дека доењето е сосема едноставно, природно и лесно. Кога ќе се почуствувате доволно сигурни во себе, пробајте да го доите бебето во своето омилено кафуле, но првиот пат земете ја и својата пријателка, во друштво е секогаш полесно!

    ПРАВЕТЕ ГО ТОА ШТО ВАМ ВИ СЕ ДОПАЃА

    Ако не сте таква личност која може да седи среде просторија полна со луѓе и мирно да дои додека им гледа во лице на другите, немојте да се трудите тоа да бидете! Сосема е во ред и нормално е да им го свртите грбот додека го доите бебето. Ако сте во друштво на пријателка, не се срамете да кажете отворено како ви е најдобро и како сакате да го доите бебето. Замолете ја да се смените со местата ако мислите дека така ќе ви биде подобро. Ако сте навикнати да го гледате бебето додека го доите направете го тоа за да можете подобро да се опуштите додека доите, кажете и на пријателката дека тогаш морате малку да го прекинете разговорот. Ако сте сами во кафуле, ставете слушалки и слушајте некоја лесна и опуштена музка, која ќе ви помогне да се исклучите и да се посветите само на тоа што ви одговара во тој момент.

    МАРАМА ЗА ДОЕЊЕ

    Марамата за доење би ви била од голема помош затоа што нема да морате да се грижите дали ќе ви се лизне или дали има бебето доволно воздух, затоа што таа има отвор на врвот. Во секој момент можете да проверите дали бебето добро цица и што прави.

    САМОДОВЕРБА

    Заборавете на градниците за доење и купете си убав летен фустан во кој ќе се чуствувате пријатно и убаво, но кој ќе биде и многу згоден за лесно доење.

    СЛОЕВИ

    Боди поткошулите ќе ви го олеснат доењето на јавни места, па купете си неколку. Носете ги под маицата или блузата која кога доите само ќе ја подигнете, а стомакот ќе ви биде покриен. Ако носите кошула, под неа може да облечете две боди поткошули, така што едната ќе ја подигнете а другата ќе ја спуштите, а кошулата ќе ја откопчате. Едната од нив може да ја носите така што грбот ќе и биде напред, за полесно да можете да доите.

    НАВАЛЕТЕ СЕ

    Ако бебето во текот на доењето често ја испушта дојката, навалете се наназад додека седите. Оваа положба ќе ви помогне да се чувствувате поопуштено, а на бебето така ќе му биде поудобно и нема да ја испушта брадавицата додека цица. Но и ако ја пушти со главчето ќе ја покрива скоро целата ваша дојка.

    ТАПКАЊЕ ПО ГАЗЕТО

    Ако бебето е малку поголемо и додека цица  му се одзема вниманието, па го дига главчето и се врти, секогаш до себе имајте памучна пелена со која ќе се покриете. Во текот на доењето нежно тапкајте го по газето и мумлајте некоја песничка за да му го одвлечете вниманието за тоа што се случува околу вас.