Доење на близнаци
Се прашувате дали можете да доите близнаци. Да, можете да го направите тоа. Секоја здрава жена може да дои две деца. Може ли да произведувате доволно млеко за две или повеќе бебиња? Се разбира, само треба да ги следите потребите на вашите бебиња, доите ги на нивно барање и бидете сигурни дека вашето тело ќе обезбеди млеко колку што е потребно. Покрај грижата за нивните потреби, многу е важно мајката да се грижи и за себе.
Кога се дојат близнаци, повеќето мајки користат перници за да можат удобно да ги сместат. Исто така, може да бидат корисни и специјалните перници за доење. Ако немате перница за доење, можете да искористите ќебе што ќе го свиткате и ставите околу половината со краевите зад вашиот грб. Ова ќе биде добра потпора за вас, и за вашето бебе.
Еве некои положби во кој можете да ги доите вашите бебиња доколку одлучите да ги доите во истовремено.
Кога бебињата се мали, најчесто се користи позицијата каде главите на бебињата се поставени пред вашите гради додека нивните нозе се под пазувите, оваа позиција популарно се нарекува како “фудбалска топка”. Овој израз се користи поради карактеристичниот начин на кој играчите на американскиот фудбал ја носат топката (Слика 1). Оваа положба е особено погодна за мајките кои се породени со царски рез, бидејќи на овој начин не се врши притисок врз чувствителниот дел од стомакот. За да доите на овој начин, поставете ги главаите на бебињата во висина на вашите гради. Перницата може да ви помогне тука. Мама потоа ги опфаќа бебињата со своите рацете и им ја придржува главата за да може полесно да ги повлече и да ги постави на градите.Бебешкото тело и нозе се поставени под пазувите на мајката и ја следат линијата на нејзиното телото.
Како што близнаците растат, позицијата на “лулка” обично е попогодна. Бебињата се поставуваат вкрстено во мајчиното крило со главата во насока на една дојка. Можете да се обидете на повеќе начини и така да дознаете кој најмногу ви одговара.
Исто така е погодна положбата која е комбинација од овие две позиции. Едно бебе е во позицијата “фудбалска топка”, а другата во позиција “лулка”. Во оваа позиција, мајката има убав поглед на двете бебиња додека тие цицаат.
Кога вашите бебиња почнуваат да седат, погодна е положбата“во седло”. Бебињата се поставени така што секој еден седи на една мамина нога со главата во насока на една дојка.
Пробајте со различни позиции и најдете ја онаа што најмногу ви одговара на вас и вашите бебиња.
Секој почеток е тежок. Не заборавајте дека секое дете е различно, дека секое има свои потреби што може да се разликуваат од потребите на друго дете. За да се запознаете со секое дете, на почетокот можете да ги доите едно по едно. Така ќе видите како, кое бебе се однесува додека цица.
Кога ќе почувствувате дека одделното доењето на секое бебе функционира, можете да пробате и да ги доите истовремено. На почетокот ќе ви биде потребна помош за поставување на двете бебиња во положба за доење. Близнаците не морате да ги доите истовремно, но тоа ќе ви значи многу ако можете да го направите ноќе или во ситуации кога едното бебе плаче додека другото го доите.
Со цел мајката успешно да го дои своето бебе, потребно е да има поддршка и помош од нејзиното семејство и околината, да биде смирена и да верува во себе и во своето тело. Секој почеток е тежок, но со тек на време, сè станува полесно и поубаво.